Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката растела во беда и сиромаштија – татко ми од Македонија дојде без дeнар, среќна бев кога некој ќе ми дадеше леб со кајмак!

Реклама

Гоца Божиновска порасна во сиромаштија, па затоа вели дека денеска може да преживее со милиони, но и со еден динар.

ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

Пејачката Гоца Божиновска денес живее во луксуз, но тоа не било секогаш така. Како дете, таа морала да работи за да заработи пари за храна, а соседите и давале носена облека за да има што да облече.

– Татко ми беше многу богат човек додека живееше во Македонија. Остави сè кога се ожени со мајка ми и кога се пресели во Србија. Тој имаше пет деца и сè им беше оставено на тие. Никогаш не прашав за тоа, не барав ништо ниту ме интересираше. Тука се снајдовме! Носев работи што ми ги даваа соседите, немав што да носам – призна пејачката за „Курир.рс“

Маркетинг
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

– Наутро одев на училиште, а попладне работев за некој таму и, кога ќе ми дадеа парче леб премачкано со кaјмак, умрав од среќа! Во текот на зимата јадевме компири што му ги даваа на татко ми кога работеше верувајте ми, сега не можам да ги видам компирите, ми се смачија. Затоа денес можам да преживеам со милиони, но и со еден динар, бидејќи сум навикната на сè – откри Божиновска.

Исто така Гоца откри и за нејзината тажна судбина кога нејзината најдобра другарка и го растурила животот.

Маркетинг
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

Гоца Божиновска и извесна Горана биле првите сосетки и другарки се’ до 1996 година, кога нејзиниот сопруг Зоран Шијан ја напушти пејачката заради неа.

Гоца потоа се преселила со двете деца, Мирко и Зоран, во Нови Београд, а три години подоцна, Горана на Зоран му го родила синот Вукашин.

ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

-Таа жена го уништи моето семејство, целиот мој живот. Беше тешко, но јас не се враќам на старото. Решив дека повеќе не трошам време и нерви на непотребни работи.

Изгубив толку многу драги и сакани луѓе што ми недостигаат така што некои работи не се толку болни колку што изгледаат. Можам само да кажам дека таа и јас не сме во кавга и дека сè е во ред со нас. Што се случило – се случило. И простив, но не заборавив“, вели Божиновска, за српски „Телеграф“.

ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

Пејачката никогаш не им бранела на нејзините деца Мирко и Зорана да контактираат со вонбрачниот син на нивниот татко, Вукашин.

„Никогаш не им кажав на Зорана и Мирослав дека не треба да го видат, никогаш не реков ништо грдо против тоа дете. Дури и јас бев она кој им велеше дека треба да бидат со него во добри односи. Мирко е најмногу во контакт со него“ – објаснува Гоца.

ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

Исто така пејачката Гоца Божиновска ја искусила улогата на мајка уште во средно училиште. Тогаш таа ја добила ќерката Јелена, а малкумина знаат кој е нејзиниот татко.

Имено, Гоца забременила со композиторот Раде Вучковиќ, кој тогаш бил оженет. Сепак, Раде му се колнел на таткото на Гоца дека е лудо вљубен во неа, иако веќе имал семејство.

ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

Гоца била без работа, без пари и со скршено срце, па ја оставила Јелена кај своите родители.

Нејзината ќерка пораснала со баба додека нејзината мајка пеела по кафани за да заработи.

ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

 

ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм
ФОТО: Гоца Божиновска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button