Пејачката ослабна 24 килограми откако се породи, а сега откри дека сака повторно да остане бремена и да роди девојче
Пријовиќ откри која е нејзината најголема желба
Александра Пријовиќ на почетокот од годината го роди синот Александар што го доби од бракот со Филип Живојиновиќ. Пејачката призна дека сака да добие и девојче. Таа затоа на својот син постојано му го повторува зборот ‘мама’ бидејќи верува дека првиот збор што ќе го изговори бебето, ако биде во женски род, следното дете ќе биде женско.
„Би сакала да добија девојче, тоа ми е најголема желба. Му пеам на Александар и цело време му зборувам ‘мама’. Се надевам дека ќе каже мама. Велат ако каже ‘мама’ или ‘баба’, односно ако е женска личност во прашање, следното дете ќе биде женско. Затоа сум упорна да каже ‘мама’, откри пејачката и додаде дека Александар најмногу се радува кога ќе го слушне нејзиниот глас и дека се врти и ја бара секогаш кога ќе го слушне иако таа не е во собата.