Пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ што партнерот ја остави додека беше БРЕМЕНА ШОКИРАШЕ со она што го кажа за поранешниот

Шармантната Дада повторно направи шоу…

Мажот ја изневеруваше додека беше бремена, и тоа со колешка, а таа му роди дете – еве што вели младата Гранд ѕвезда денес за оваа тема…
Пејачката Дада Мешаљиќ се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и од самиот почеток е во центарот на вниманието.
Имено, таа за време на натпреварот објави дека е во блажена состојба, а потоа медиумите објавија и дека нејзиното момче ја изневерува додека таа беше во поодмината бременост, по што следуваше развод.
Како што пишуваа тогаш медиумите, поранешниот наводно ја изневерил со колешка, и тоа додека Дада беше бремена.
Пејачката пред неколку месеци се породи и ја роди ќеркичката на која и го даде името Мерјем, а нејзините фанови се уште се интересираат во каков однос е со поранешниот сопруг и дали тој ја гледа својата ќерка.

Дада, која е позната по својот хумористичен дух, на ова прашање одговори потполно во нејзин стил:
„Ја гледа кога ќе му се намалат следбениците на Инстаграм. Секако, што мислиш од што вака луксузно живееме“, одговори Дада.

Младата Гранд ѕвезда исто така додаде и дека повторно би се омажила во иднина, но само доколку повторно се вљуби во некого, а откри и што најмногу и помогна во животот и и’ даде сила да продолжи понатаму по разводот.

„На мене најмногу ми помогна неговиот избор на жени по мене за да го преболам и да продолжам понатаму“, коментираше таа.
Како изгледа нејзиниот поранешен, но и Дада по породувањето, погледнете во продолжение:

Инаку, Дада се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, но мораше да се откажа заради бременоста.

Во исто време во јавноста се појави снимка како нејзиниот сопруг минува време со нејзината колешка од натпреварот Мелиха Имшировиќ.

Дада тогаш на Инстаграм објави дека не сака тоа да го коментира и дека со него повеќе нема никаков контакт.
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
