Пејачката од Гранд ѕвезди неодамна се породи, а сега конечно го покажа СОПРУГОТ – еве како изгледа човекот што и го украде срцето
Ова не сте го знаеле
Атрактивната пејачка Зорана Стефанов учествуваше во првата сезона во реалното-шоу „Задруга“.
Таа прво се натпреваруваше во „Пинк ѕвезди“, а потоа среќата си ја проба и во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“
Но по некое време таа реши да му се посвети на семејниот живот и се оствари улога на мајка.
Таа роди ќерка на која што и го даде името Ена.
Додека беше бремена, Зорана редовно објавуваше фотографии од својот труднички стомак, а сега пак од својата наследничка.
Можеме да видиме дека поранешната „задругарка“ своето тело го донесе до совршенство за кратко време.
Во прилог на тоа зборува и нејзината последна фотографија која што ја сподели на социјалните мрежи.
На неа шармантната Зорана позира во фармерки и маичка, додека на сликата е и љубовта на нејзиниот живот.
Нејзиниот избраник се вика Немања и младата пејачка заедно со него го шета бебенцето во количка.
Инаку, Зорана му е поранешна девојка на Филип Ѓукиќ со кого беше во врска пред да го запознае нејзиниот сегашен сопруг.
Публиката ја запозна во 2016 година како една од подобрите натпреварувачки во „Пинк ѕвезди“ каде се пласираше во самото финале, а потоа го снимаше и спотот за „Пе*ицилин“, својот прв сингл кој одлично беше прифатен од публиката.
Но и покрај тоа што се уште се занимава со пеење, таа веќе некое време многу ретко се појавува во јавноста.
Таа беше и учесничка во ријалити-шоуто Задруга, каде се впушти во романса со Филип Ѓукиќ, која што траеше кратко. По излегување од шоуто, Зорана се појави и во „Ѕвездите на Гранд“, што заради својот договор не смееше да го направи, а потоа потполно се повлече од медиумите.
Инаку, Зорана има тешко детство зад себе. Таа не крие дека некогаш живееле во немаштија, посебно откако нејзиниот татко Дејан ја напуштил мајка и’ Жаклина, и заминал во странство. Таа и нејзините браќа и сестри тогаш имале поддршка само од бабата и дедото на Зорана од страната на мајката, па затоа денес ретко зборува за својот татко. Пејачката во една пригода призна дека тој ја малтpeтиpaл нејзината мајка, браќата и сестрите, но и дека подоцна со себе ги однел во странство постариот брат и двете помлади сестри.
И покрај лошиот однос со нејзиниот татко, Зорица вели дека имала среќно детство и дека нејзината мајка отсекогаш им пружала љубов и внимание, и дека секогаш се трудела ништо да не им недостига. Таа истакна и дека е многу поврзана со своите браќа и сестри, и дека редовно контактираат, без разлика што веќе со години живеат раздвоено.
Зорана во последните две години доста се промени, но и ретко се појавуваше во медиумите. Очигледно во последно време не е толку посветена на својата музичка кариера, а ако ги земеме во предвид обврските што се пред неа како мајка, најверојатно уште некое време нема да ја гледаме во јавноста.
Погледнете ги нејзините последни фотографии, но и оние од времето на „Задруга“ и „Пинк ѕвезди“.
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов
Фото: Инстаграм/ Зорана Стефанов