Пејачката објави сомнителна фотографија од небото -Што ли е ова?!
Ружица од „Ареа“ е фантастичен фотограф!
Пејачката Ружица Милошеска Брчиоска од рок- составот „Ареа“ е еден од најдобрите вокали на домашната сцена.
Таа е активна на фејсбук и често споделува фотографии од својот приватен живот.
„Ареа“ се бенд кој има оставено сериозно длабок траг во музичката инсдустрија. Бројни нивни песни се претвориле во евергрини кои ги слушаат повеќе генерации.
Една од нив е легендарната „Сите мои слики“ од 2000 година.
Ружица покрај извонредните вокални способности кои ги поседува, неодамна фановите и пријателите кои ја следат на Фејсбук им го откри нејзиниот талент за кој јавноста не знаела.
Пејачката е фантастичен фотограф!
Таа прави навистина прекрасни фотографи од пејзажи, зајдисонца, доловува многу убави амбиенти…
Ќе се изнадите од нејзиното уметничко око за фотофрафија која го одзема здивот.
Но, пред некој ден Ружица ги насмеа сите. По објавата од неколку фотографи на кои многу јасно се гледа месечината и неколку птици , таа напишала дека нешто и станало сомнително на последната фотографија.
Вчера ги фотографирав месечината и птиците и еве нешто од тоа. На последната фотка е нешто неидентификувано што го забележав високо на небото за кое во прв момент си помислив дека е некое безшумно шпионско летало
Упорна да види што е тоа, таа зумирала повеќе и еве што било забележано од нејзиниот апарат.
По оваа објава таа слатко ги изнасмеа пријателите на социјалната мрежа, а бројни коментари се надоврзуваат на оваа навситина симпатична анегдота.
Погледнете уште неколку фантастични фотографии направени од креативното око на пејачката.