Пејачката на групата „Молика“ го напушти бендот – фолкерката се огласи, оваа вест ги изненади сите
Пејачката на групата „Молика“ го напушти бендот – по долги години реши да проба нова комбинација
Пејачката се пофали со убавата вест
Една од нашите најпознати фолк пејачки, Анета Љумаковска, долго време беше дел од популарната битолска група „Молика“.
Но по разводот од нејзиниот поранешен сопруг кој веќе со децении е фронтмен во бендот, Анета започна со соло кариера, а неодамна ги изненади обожавателите и со уште една убава вест.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
Имено, Анета која повеќе од две децении настапуваше со „Молика“ во изминатиов период настапуваше со различни групи.
Таа и по напуштањето на „Молика“ вредно работи и настапува по неколку пати неделно, а неодамна на нејзиниот профил на Фејсбук пејачката соопшти дека започнува соработка со Дакапо бенд.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
„Со огромно задоволство ви ја најавуваме новата соработка ‘Анета и Дакапо Бенд’! Оваа музичка комбинација ветува незаборавни настапи и нови хитови“, сподели неодамна пејачката на својот профил објава од момците од „Дакапо Бенд“.
Потсетуваме, познатата пејачка во една пригода за Гламур магазин изјави дека со „Молика“ ќе ги испочитува сите договорени настапи и дека тоа ќе трае до 15 август, а потоа секој ќе продолжи по својот пат.
Фејсбук/ Анета Љумаковска
„Точно е дека се договоривме со „Молика“ да ги испочитувам сите договорени настапи до 15 август 2024 година и потоа на мирен начин да се разделиме како цивилизирани и возрасни луѓе. Секако ништо не е вечно, па ни ова. Едноставно секој си продолжува по својот пат, изјави тогаш познатата пејачка.
„Јас секако продолжувам со тоа што најдобро знам да го правам, а тоа е пеењето и ќе бидам активна и присутна секаде каде што можам, нормално ќе го продолжам мојот контакт со публиката како и што се очекува од мене како еден професионалец во својата работа“, изјави тогаш Анета. Пејачката тогаш исто така додаде и дека откако повеќе не е со Молика продолжува како Анета, но и со моминското презиме како што впрочем и ја знаат многу фанови, бидејќи таа својата музичка кариера и ја започна како Анета Љумаковска.