Пејачката Наташа Беквалац се прошета низ центарот на Скопје во ова НЕОБИЧНО издание, па подигна нога и ги изненади сите
Наташа Беквалац ги изненади своите фанови
Пејачката по својот настап во Скопје се прошета низ центарот на градот, а оние што ја сретнаа беа изненадени од тоа како изгледаше.
Имено, популарната пејачка за оваа пригода избра да носи спортско издание, па низ градот се прошета во тренерки и патики, а ги изненади своите бројни обожаватели и на социјалните мрежи.
Ната во еден момент ја подигна ногата како да сака да удри некого, па многумина се запрашаа кој ја изнервира толку многу.
„Во благодарам Скопје, ми беше прекрасно вчера со вас. Се гледаме вечерва во Штип. Дали имате чувство дека со испраќање на оваа година ќе испратиме се што е лошо? Јас да! Ќе врескам од среќа точно во 12“ напиша Беквалац под фотката направена во центарот на нашиот главен град.
Наташа не заработува само од пеење
Инаку Наташа во последно време настапува речиси секој викенд за разлика од минатата година, каде токму заради епидемијата немаше настапи преку целата година. Пејачката тогаш реши да го изнајмува својот луксузен имот што го има во близина на Нови Сад за различни видови на прослави, па така денес за една недела заработува најмалку 2800 евра.
Имено, пејачката со ќерките се врати во Белград, а раскошната куќа ја изнајмува под закуп.
Таа има отворено и интернет страница преку која се издава нејзината куќа, па како што пишува, куќата може да се издаде за разни прослави и веселби, како родендени, свадби, момачки вечери и сл.
Цената за издавање е „само“ 800 евра на ден, со можност за ноќевање во домот од страна на закупецот. И бидејќи нејзиниот салаш наводно неделно се издава минимум четири пати, Наташа за седум дена заработува неколку илјади евра со кои живееше во изминатиов период.
Како што пишува српскиот Курир, рекордот бил ова лето кога пејачката заработила скоро десет илјади евра.
Таа ова лето кога мерките против ковидот малку попуштија куќата ја издаде дури 14 пати, пишува овој портал.
Инаку, на нејзиниот раскошен имот ова лето судбоносното „да“ го изговори и пејачката Катарина Грујиќ која е омажи за фудбалерот Марко Гобељиќ.
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Како изгледа нејзината вила, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац
Фото: Инстаграм/ Наташа Беквалац