
Промена со која ги изненади фановите

Познатата млада пејачка Милица Павловиќ направи драстична промена со која ги изненади своите бројни обожаватели.
Милица го плени вниманието како со својот феноменален глас, така и со харизмата, иако речиси никогаш не ги преминува границите на пристојноста. Таа не игра на картата на провокативниот стил како многу нејзини колешки, а овој пат ги изненади обожавателите со нова фризура.
Имено, убавата пејачка реши оваа есен драстично да ја скрати својата препознатлива коса и сега има шишки.

Таа позираше заедно со својата колешка Николија Јовановиќ, а заедничката фотографија ја објави на својот профил на социјалните мрежи.
Нејзините обожаватели се воодушевени, но воедно и изненадени од промената што ја направи младата пејачка.
Па во кое издание ви се допаѓа повеќе Милица?