Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Маја Вукичевиќ објави преубава вест – пристигаат честитки, никогаш не била посреќна

Ова е синот на Маја Вукиќевиќ, ќе се изненадите за каков фраер станува збор

Реклама

Некогашната македонска пејачка Маја Вукичевиќ (50) која веќе подолго време живее во Австралија објави среќна вест.

Имено, таа преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на својот син со порака што ги воодушеви сите. и ги

„Благослов мој, љубов мајкина Gorazd Gogo Vukicevic❤️Среќен 30-ти роденден. Биди ми жив и здрав и нека Бог ти ги отвори сите патишта кои се наменети за тебе. Мајка е секогаш до тебе“, напиша Маја на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Маркетинг

Потсетуваме, Маја сега живее мирен и повлечен живот во Австралија каде што се пресели пред неколку години.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Таа во 90-тите беше една од најпопуларните пејачки во Македонија, со голем број хитови кои се вртат по радиостаниците и денес.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Својата кариера ја започна како ТВ презентер, а потоа во 1997 година го имаше своето пејачко деби на Охридски трубадури.

Нејзината мајка Милка беше оперска пејачка, така што почетокот на музичката кариера на Маја не беше изненадување за оние кои ја познаваа. Нејзиниот атрактивен изглед, интересните видео записи, како и соработката со докажани музички имиња, ја направија препознатлив лик на македонската поп сцена на која беше присутна со години, се додека во еден момент не реши целосно да се повлече од јавниот живот и да замине за Австралија.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Како што тогаш пишуваа медиумите, Маја ги спакувала куферите и решила да замине во оваа земја, наводно заради нова љубов во нејзиниот живот. По неколку години во Австралија дојде и нејзиниот син, Горазд, кој Маја го доби од својот прв брак и кога имаше само 20 години.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но за жал првиот брак на Маја не траеше долго, а Маја во една пригода горда на својот наследник ќе напише:

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години, има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех. Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое, и запомни, парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да ѝ дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца“, беше тогаш дел од посветата на Маја за нејзиниот син.

Бонус галерија

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button