Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Ленче Кукиќ го фати својот сопруг со една од најголемите ѕвезди од времето на Југославија

Овој викенд беше посебен за Ленче и Горан Кукиќ

Реклама

Пејачката Ленче Кукиќ овој викенд настапи на фестивалот Охрид Фест Охридски трубадури каде го освои првото место.

Таа го освои првото место на овој фестивал од страна на стручното жири, додека Благоја Груевски беше фаворитот на публиката.

Покрај Ленче и нејзиниот сопруг Горан Кукиќ се закити со награда за најдобра интерпретација на песната „Уште си најубава“.

Маркетинг

Фејсбук/ Ленче Кукиќ, Охрид Фест

Потсетуваме, Ленче и Горан ја живеат својата љубовна идила уште од нејзини петнаесет години и нивните емоции се подеднакви како и првиот ден, на почетокот од нивната емотивна врска.

Маркетинг

Фејсбук/ Ленче Кукиќ, Охрид Фест

Тоа впрочем може да е види и од нивните бројни заеднички настапи, но и од фотографиите што Ленче ги објавува.

Фејсбук/ Ленче Кукиќ, Охрид Фест

Но пејачката овој пат не објави нивна заедничка фотка, туку на неа е нејзиниот сопруг со една многу голема регионална ѕвезда.

Станува збор за легендарниот Лео Мартин, пејачот на големиот хит Одисеја кој на Охрид фест доби признание за „Песна на сите времиња“, па музичарите имаа прилика и да се подружат покрај Охридското Езеро.

Фејсбук/ Ленче Кукиќ

„Кафенце со Лео Мартин“, напиша Кукиќ под фотографијата воодушевени што пејачот на големиот хит е во нивно друштво.

Инаку, Ленче беше победничка и во една сезона во емисијата „Никогаш не е доцна“, а во една пригода во интервју за „Гранд.онлајн“ зборуваше и за својот приватен живот, па го откри рецептот за успешен брак.

„Првите години се малку чудни, додека да се навикнеш. Подоцна кога ќе го избалансираш сето тоа во бракот, бракот станува успех. Потоа се радуваш со човекот кој е твојот живот“.

„Првите години се мачни, но подоцна балансираш, карактер, го запознаваш него, тој те запознава тебе, и тоа е тоа“, изјави Ленче во една пригода за споменатиот портал.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button