Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката искрена до срж: Ич не ми е срам да бањам и бришам стари лица, не бегам од работа, морам на децата да им донесам леб

Реклама

Пејачката остана во сеќавањето на публиката кога како девојче го испеа хитот „Ланче“. Таа ја батали пејачката кариера па замина во Америка каде што живее и ден денес.

Бидејќи пандемијата од коронавирус направи хаос во светот, тоа посебно го почувствуваа и музичките ѕвезди.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B6qDrJoJdZp/

– Пред короната имав многу работа. Не застанував. Потоа следуваше овој хаос, и секако се помалку имаше работа. Јас не сум некој кој се жали за својата тешка судбина. Никога не сум имала мажи со пари, секогаш сама сум вложувала во себе. Имам две деца, ќеркичката Барбара и синот Филип, на кои сум им најпотребна сега додека растат. Минатата година беше одлична за пеење. Потоа дојде короната и работа повеќе нема, рече Аница во интервју за српски Телеграф.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/B6Ec6pRg_Dj/

Таа додаде дека живее на Флорида каде има многу луѓе кои своите куќи и станови им ги издаваат на луѓе од цел свет.

– Јас тие куќи ги одржував. Платена бев да ги средувам и чистам туѓите станови, куќи. Одржував и банки, таму бев супервизор. Фала на Бога, одличма сум во тоа и за истиот човек работам веќе трета година. Бидејќи запреа патувањата, а и моите настапи, морав повеќе да заработувам за своите деца па почнав да работам со стари лица, наведува Аница.

Таа признава дека не е лесно да се грижи за стари лица.

– Неодамна чував една баба, која за жал почина, беше врзана за креветот. Сега го чувам нејзиниот сопруг. Таа грижа за стари лица е нешто што ме исполнува. Јас не се срамам, јас сум способна. Знам дека ако утре не можам да заработувам пари од пеење, ќе најдам работа. Не се срамам да му кажам некому дека на баба ѝ го бришам задникот, па како е кога ќе почне да се задушува, кога треба да ја свртиш на страна за да не загуши. Тие луѓе треба да се пресоблекуваат, тие луѓе треба да се бањаат, повеќето од нив не се способни, стари се и болни. Јас секогаш морав да се свртам кон работа која ќе ми донесе леб во куќа за моите деца. Горда сум на себе што можам секаква работа да работам. Јас пораснав на село, чував кози, овци. Молзев крави. Работев сè што се работи на село, брутално е искрена пејачката и додава.

– Не се срамам од ова сега што го работам, а нема ниту потреба. Можам да преживеам и да создавам, моите деца имаат се што им е потребно. Никогаше никој ништо не ми дал, сè сама си плаќав. Сите мислат дека кај пејачот има само сјај и гламур, дека сè е брендирано. Многумина така нè гледаат. Има пејачи кои така живеат. Мене не ме импресионираа парите, вилите, скапиот накит, брендираната гардероба. Јас носев скапи парчиња облека, имав скапа шминка, ама мене тоа повеќе не ме исполнува. Работата со постарите е многу емотивна работа. Научив колку малку им е потребно за да бидат среќни. Да им ја стиснеш раката, да ги погалиш по коса. Јас ја пронајдов среќата. Немам ни блиску до она што го имав, но сега сум посреќна, наведува Аница Миленковиќ.

https://www.instagram.com/p/B5v5Ll4AW2h/

Аница (39) со години живее со вереникот и две деца во САД. Последниот албум го издаде во 2008 година, по што се отсели во Америка, каде остана бремена со својот тогашен вереник Данило. Со него ја доби ќерката Барбара, а потоа се разделија, па вплови во врска со Македонецот Зоран со кој денеска го има синот Филип кој е роден глув и пејачката е подготвена да продложи да прави сè за своето дете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button