Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Инди за витка линија помина низ пекол, загуби еден орган и преживеа за да раскаже во колкава опасност влета

Реклама

Пејачката Индира Арадиновиќ – Инди која пред неколку недели излезе од болница каде се бореше за живот, беше гостинка во популарното српско телевизиско шоу “AmiGi Show” и ја раскажа својата животна битка после операцијата на желудникот.


– Еве има три месеци откако сето ова почна… Јас решив брзо и лесно да го решам својот проблем, така што отидов под нож, и за жал, се случи од првата операција се да се искомпликува. Поминав дури и сериозна борба за живот“, вели Инди.

– Значи, до таму дојде? – ја запраша Огнен, по што Инди отворено зборуваше низ што се поминала откако работете се искомплицирале.

Маркетинг

– Да, да … За жал. Секоја хируршка операција носи свои последици и опасност, јас спаѓам во најкомплицираната ситуација, која мене ми се случи… Се случи повреда на панкреасот. Панкреасот, сите знаеме е најважен орган, кој е најмногу потребен. Тој почна да му прави проблеми на организмот, да ја поткачува слезината која се воспали и која со втора операција мораше да се отстрани. Значи, јас повеќе немам еден орган во себе! А што се однесува до желудникот, го немам повеќе сливот на желудникот, туку комбинација на слив и бајпас… А бајпас прават само луѓе со екстремна дебелина и кои екстремно треба да симнуваат килограми, така што во тој момент беше важно само да се спасам.

И трета операција била во опција

– После таа втора операција почна мојот пекол со моето здравје… Тоа е зад мене, но тогаш во тој момент, воопшто не ми беше лесно. Сега се е во ред. Беше во опција и трета операција, зошто ситуацијата беше толку алармантна. Бев префрлена од втора болница во трета, каде ми е спасена циста на панкреасот која протекуваше. Месец дена не можев да внесам ниту два децилитри вода, се повраќав, само на инфузии бев. Поминав сериозна опомена. Се е зад мене, се е ОК, можам да продолжам да живеам нормално – да се хранам здраво, раскажа Инди за својата животна битка и признава дека нејзиниот живот повеќе нема да биде ист како некогаш.

Маркетинг

Ова е нејзината исповед и еве што им порача на сите оние кои сакаат да направат операција за стеснување на желудникот:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button