Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Елена Велевска откри во каков однос е со нејзиниот ПОРАНЕШЕН СОПРУГ – ова никој не го знаеше за неа!

Реклама

Познатата фолк пејачка е вистински пример како треба да изгледа една жена и мајка.

Една од ретките која знае да изгледа „заводливо“, но ни е вулгарно е фолк пејачката Елена Велевска која воедно важи за една од најзгодните на македонската естрада.,

Маркетинг

Таа неколкупати отворено зборуваше за проблемите во бракот, а сега повторно дека не се заедно со споругот, но и дека не живее заедно со своите три деца.

„Многу е потешко сега нашето гледање со децата бидејќи тие се во Охрид, јас сум во Прилеп. Ете така се одлучи, но не е ништо завршено со нашето судење. Можеби така е најдобро за да не се прават стресови за децата, тие пораснаа во Охрид. Со мојот сопруг секогаш ја гледаме најдобрата страна за нив. Јас и тој не сме во прашање, многу подобро функционираме разведени отколку во брак. Секогаш ќе гледаме за нивно добро. Ние имаме три деца, треба да останеме во добри односи отколку да се нарушуваат односите. Има многу поважни животи, отколку мојот и неговиот“, вели Велевска за „Бекстејџ“.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Таа вели дека нејзините деца, но и нивните другарчиња со нетрпение чекаат да ја видат.

Фолкерката важи за посветена мајка, па и во интервјуто за „Бекстејџ“ вели дека секое слободно време го користи за да го помине со своите три деца од кои две неодамна славеа роденден.

Фото: Инстаграм/Елена Велевска

Калија наполни 8 години, а Марко 12 години, додека пак Софија како што вели Елена е таа која тргнала по стапките на мама и „заполовила во музичките води“.

За Софија вели дека е поталентирана и од неа и дека Бог таков талент дава на 100 години еднаш.

Фото: Инстаграм/Елена Велевска
Фото: Инстаграм/Елена Велевска

„Таа сега беше на еден натпревар и освои второ место. Исто така беше избрана и за мисица на тој натпревар. Многу бев горда на наградите кои ги донесе. Моментално работиме на тоа да оди на часови по музичко, кај неа постои талентот, а Бог таков талент дава еднаш на 100 години. Таа е поталентирана од мене. Ќе гледам секој слободен талент да го насочам кон нејзе бидејќи навистина вреди да се вложува во децата, иднината ја гледам во нив“, вели пејачката.

Фото: Инстаграм/Елена Велевска

Музичката кариера и пеењето беа ставени на „чекање“ поради корона пандемијата, но со олабавување на мерките започнаа настапите и гостувањата на кои името на Елена се почесто се споменува.

Фолкерката вели дека ковид памнемијата влијаела на сите и на сè, но посебно на килограмите кои за себе вели дека треба да поработи на тоа бидејќи има 10 или 15 килограми вишок на кои треба да поработи.

Фото: Инстаграм/Елена Велевска

Сепак и покрај тоа Елена изгледа прекрасно и што и да облече на неа изгледа совршено.

Вели дека моменталната состојба за македонските ѕвезди е многу тешка бидејќи и угостителите не можат да си дозволат да платат исто како пред пандемијата, имајќи оглед дека работат со 30 проценти од капацитетот, сепак како што вели се прават компромиси.

Елена најави и нова месна која како што вели посебно ќе и се допадне на помладата публика.

Со нетрпение ја очекуваме!

Фото: Инстаграм/Елена Велевска
Фото: Инстаграм/Елена Велевска
Фото: Инстаграм/Елена Велевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button