Пејачката Драгана Мирковиќ со солзи зборува за СВОЈАТА БОЛЕСТ – во животот никогаш не и било потешко!
Првите симптоми и' се појавиле пред 10-на години
Пејачката Драгана Мирковиќ има проблеми со здравјето?
Познатата пејачка Драгана Мирковиќ како и сите останат жени има разни проблеми, а неодамна зборуваше отворено за своето здравје.
Имено, таа откри дека нејзиното здравје било нарушено, а сето тоа било последица што долго време не зборувала со никого.
Таа вели дека со години патела и молчела во себе, па заради тоа денес има проблеми со штитната жлезда.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
„Иако многу млада влегов во сé, немав заштита и се борев самата. Сето тоа довде до последица со штитната жлезда, проблемите што ги добив пред 10 години. Да имав предиспозиции за тоа јас би го имала овој проблем и порано“, изјави популарната пејачка.
Знам да кажам дека грлото често ме болело од молчење, за да на крај произлезе дека ми е заболена штитната жлезда и дека имам добиено уште некои здравствени проблеми.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Имено, здравјето на пејачката било нарушено и како што самата откри тоа најмногу е последица што долго време проблемите ги држела во себе и за нив не зборувала со никого.
Многумина ме прашуваат што сакам за Нова година? А сакам само да е статус скво и ништо да не се менува. Малку ми е непријатно заради овие фотографии пред дворецот. Јас ги молам луѓето да не мислат дека ова е животот на Драгана Мирковиќ, јас сум една нормална личност која е чувствителна, која чувствува со луѓето, јас сум вљубеник во луѓето, музиката и публиката.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
„Драгана е мајка, сопруга и добар пријател, а ова пред дворецот е најмалку Драгана Мирковиќ“, откри таа за Информер ТВ.
Многумина велат ‘Лесно и е на Драгана да зборува’, но немаат поим што имам доживеан, преживеано. Се изборив, победив кога мислев дека е невозможно и успеав да ја сочувам душата.
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
И после сé се уште имам многу љубов во себе“, вели таа.