Пејачката го покажа својот рај – си засадила јагоди во раскошниот двор, еве и како ги вапса јајцата
Покрај естрадниот живот и постојаните настапи, таа ужива и во оној помирниот, како вистинска домаќинка
Пејачката со оваа објава ги изненади фановите
Во релативно мало место, во непосредна близина на едно од нашите најубави природни езера, популарната македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова заедно со сопругот Јасмин Курузовиќ си направија вистинска оаза на мирот и спокојот.
Станува збор за куќа во која пејачката целосно ја има уредено според своите потреби и желби и во кој сега ужива со семејството.
Од самиот двор на куќата се протега преубава глетка на Дојранското Езеро, а целиот простор е украсен со зеленило.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тука е и големиот базен во кој популарната пејачка го минува слободното време, но и голем број цвеќиња кои со посебно внимание ги негува, но и со кои знае понекогаш да се пофали на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа сега објави неколку снимки и покажа како се грижи за јагодите што ги има засадено во дворот, но и како изгледа нејзиниот мал рај од кој се воодушевени нејзините бројни следбеници.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова потоа покажа и како со ќерките бојадисува јајца за Велигден откривајќи дека покрај естрадниот живот максимално ужива и е исполнета и кога го води оној помирниот, во близина на своите најмили, како вистинска домаќинка.