Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Анета се преполови и сега НИКОГО НЕ ОСТАВА рамнодушен – посебно во едно вакво издание

Пејачката ни ја откри и тајната на нејзиниот изглед

Реклама

Неколку интересни факти за Анета

Анета Љумаковска ги израдува сите со своите последни видеа што ги објави на социјалните мрежи, а неодамна за Гламур магазин зборуваше искрено како за кариерата, така и за својот приватен живот.

Тогаш со неа позборувавме и за нејзиниот нов имиџ, но и новата линија со која сега изгледа подобро од кога било досега.

Маркетинг

Како што самата ни откри во интервјуто, речиси цел живот испитува и се обидува да ја пронајде правилната исхрана што најмногу ќе одговара на нејзиниот организам и по толку години конечно ја пронашла.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Мое мислење е дека секој човек треба сам да си биде нутриционист, бидејќи никој не ни го познава телото подобро од нас самите“, вели Анета во нејзиното последно интервју.

Таа не крие дека како јавна личност внимава што ќе облече и како ќе се појави во јавноста, но и дека има луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед.

Што се однесува до нејзиниот стил, таа сака да изгледа впечатливо и секси, но сепак да биде тоа културно во границите на пристојноста.

„Да, пратам мода меѓутоа облекувам тоа што мене ми стои убаво и пред се јас да се осеќам пристојно во таа облека“, вели Анета откривајќи и кој моден бренд и е омилен, но и каква спортска облека сака да носи.

Откако драстично ги намалила килограмите целосно ја сменила и гардеробара, но исто така сега купува многу почесто.

Како што самата вели, повеќе никогаш не планира да ја облече старата облека бидејќи не планира да ги врати килограмите, а на прашањето што ја прави жената убава, таа како од пушка одговори – љубовта. Целото интервју со неа прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button