Пејачката Анета Наковска го покажа својот топол дом во Америка и ги воодушеви сите: „Го постигнав долго посакуваното“
Македонската пејачка сподели интересна вест со своите фанови, а со фотографиите успеа да ги воодушеви сите.
Анета Наковска е една од најпопуларните пејачки на фолк музика во земјава, а со својот глас и енеегија секогаш успева да направи одлична атмосфера каде и да настапува.
Зад себе има долга и многу успешна кариера, а нејзиниот приватен живот секогаш бил интересен за публиката, која сака да знае сѐ за пејачката. И таа не ѝ го ускратува тоа, но сепак во одредени дози.
Доста е активна на социјалните мфњжи, каде освен фотографии знае да сподели и свои ставови во врска со актуелните случувања во земјава.
Инаку, освен што е фантастична пејачка, таа во приватниот живот е сопруга на охриѓанецот Спиро Крлевски со кој долги годи и е во брак. Спиро инаку живее во Сад, па нивната врска на почетокот беше на релација Америка-Мамедонија.
Тоа беше така сѐ додека двајцата не одлучија да ја крунисаат со брак.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел. Спиро и Анета живеат до САД, но деновите за време на пандемијата ги минаа во нивната луксузна куќа во охридското село Велгошти.
Куќата е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.
Пејачката често споделува фотографии од нејзиниот дом и често добива пофалби за тоа како изгледа и како е уредено. Овој пат таа повторни ги воодушеви своите фанови.
На Фејсбук таа сподели фотографии од нејзината трпезарија од домот во Америка. Собата има неберојатен поглед, а пејачката се потрудила и внатрешноста да изгледа совршено
Анета е навистина привлечна и атрактивна жена, а својата линија одлучила да ја доведе до совршенство така што ќе се храни здраво.
– Ептен ми е мерак што го постигнав долго посакауваното, да се нaвлeчам исклучиво на здрава храна, напиша Анета на Фејсбук.