Пејачката Анета Молика по разводот во едно од НАЈВЕСЕЛИТЕ ИЗДАНИЈА, сите гледаа во неа
Блеска во бело, изгледа како кралица
Пејачката предизвика бура од комплименти, а се појави во бело од глава до пети и со деколте од милион долари
Пејачката Анета Љумаковска секогаш на нејзините настапи изгледа стокмено и дотерано од глава до пети.
Впрочем Анета така изгледаше и на нејзиното гостување во една телевизиска емисија што се снимаше деновиве, а повеќе од очигледно е дека кај популарната пејачка и убавото време влијае на расположението, па цело време позираше со насмевка на лицето.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Но покрај тоа што беше позитивна и расположена, пејачката која долго време настапуваше со бендот „Молика“, во кој настапуваше заедно со нејзиниот поранешен сопруг, Џими Мицевски, овој пат привлече внимание и со своето несекојдневно модно издание.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумакоска
Облечена во бело од глава до пети, таа позираше со својот освежен изглед и никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумакоска
Пејачката за оваа пригода избра бели панталони и бело сако, а целото издание го зачини со високи потпетици во слична нијанса.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумакоска
Нејзината убава долга коса беше врзана во високо коњско опавче, додека на лицето имаше суптилна шминка со која блескаше.
„Една, единствена, незаменлива.. прекрасна“, „Кралица“, „Вистинска дама“, „Душа мила убава, прекрасна“, беа само некои од коментарите што популарната фолк пејачка ги доби од фановите.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Посебно внимание привлече и со фотографијата на која што е со нејзиниот колега Спасен Силјаноски.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Инаку, Спасен овие денови се најде во центарот на вниманието со веста дека наскоро е го гледаме во улога на водител.
Повеќе за ова прочитајте тука…