Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Анета иако поминува низ најтешкиот период, преголемата болка се обидува да ја сокрие

Еве како изгледа нашата позната пејачка по големата трагедија во нејзиното семејство

Реклама

Болка што не поминува

Таткото на пејачката Анета Љумаковска почина при крај на минатиот месец и тоа еден ден пред нејзиниот 40-ти роденден.

И наместо да слави, Анета на денот на својот роденден го закопа својот татко и од тогаш многу ретко се појавува во јавност.

Маркетинг

И како што вели народот, човек никогаш не е доволно возрасен за смртта на својот родител, па така многу луѓе дури по ваков трагичен настан стануваат многу посериозни и посвесни за тежината на животот.

Маркетинг
Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката Анета Љумаковска, за жал, својот татко со кого беше мошне поврзана го изгуби пред две недели, а својата тага ја задржа за себе.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Се уште нема дадено изјава за медиумите, а деновиве сподели една објава на нејзината колешка, виолинистката Сања Здјелар.

Од објавата можеме да видиме дека Анета и покрај тешкиот животен удар што го доби губејќи го човекот кој и беше голема поддршка и потпора во животот, ги завршува своите обврски како вистински професионалец, појавувајќи се на веќе однапред закажаните настапи со своите колеги и големата болка задржувајќи ја само за себе.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа одлучи да продолжи понатаму, да собере сили и повторно да запее, како што тоа го правеше и додека нејзиниот татко беше жив.

И како што и самата многу пати има истакнато, тој најмногу се радувал кога ќе пее неговото чедо, а Анета по неговата смрт објави и едно емотивно видео на кое се гледа како заедно пеат и уживаат во дружбата, расплакувајќи многумина со овој свој спомен.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

И сега, со нејзината последна објава, таа покажа дека и покрај преголемата болка продолжува со работа и музика да го преброди овој тежок животен период, а многумина во коментарите и даваат поддршка, потполно разбирајќи го периодот низ кој што поминува.

Она што сите исто така го забележаа и дека пејачката не само што не се променила многу, туку и плени со својот шарм, а враќајќи се на своите активности таа полесно ќе го преброди периодот и ќе се соочи со болката која никогаш нема да помине.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Но песната е како мелем, таа може да излекува, но и да ве направи посилен и барем за момент да заборавиме на најтешкото.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

А тоа секако важи и за оваа наша дама која токму со песна закрепнува и ги пребродува своите животни беспаќа.

Па дури и оние што оставаат најдлабоки лузни што остануваат засекогаш и што создаваат чувство на празнина во душата.

Празнина која само песна, барем за момент, може да ја исполни…

Бонус видео

Анета пее заедно со нејзиниот татко

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button