Пејачката Андријана Јаневска ја знаете сите, но погледнете како изгледа и нејзината сестра – неверојатно личат една на друга!

Сестрата на македонската пејачка Андријана Јаневска е вистинска убавица, а деновиве двете сестри кои инаку премногу имаа и добра причина за славење.
Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи. Таа е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина.
Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години.
Андријана Јаневска може да се пофали со добра кариера и надвор од земјава и внатре.
Ја сакаат и Македонците, но и нашинците во дијаспората.

Зад себе има ризница хитови и добри песни.
Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски – Гино, познат македонски гитарист. Двојката има два сина, кои се нивниот најголем двигател на двојката.
Има и брат и сестра. Нејзиниот брат Роберт е доктор на науки по молекуларна биологија, генетичар кој докторирал во Англија.

Сега во Македонија има своја фирма за генетски испитувања, инаку долги години работел како вештак во МВР.
Нејзината сестра Николина е помала од Андријана, но исто така успешна во својата кариера. Работи како оперска пејачка во МОБ, мецосопран. Секој од нив тројца си го нашол својот пат до успехот. Но, како што вели пејачката и понатаму се неразделни и многу поврзани.

Деновиве тие имаа прекрасна причина за славење.
Пред извесен период двете сестри објавија фотографија на која позираат една до друга и тоа што може да се забележи е дека имаа голема причина за славење.
„Среќен роденден на мојата сестра Николина. И’ посакувам здравје, спокој и уште многу светски оперски премиери!””. напиша Андријана.

Иако потекнуваат од скромно семејство, сепак секој од нив успеал да достигне големи успеси.
Татко ѝ работел во Железара, електричар, а мајка ѝ книговодител, работела во една државна форма на Плоштад, Интерпрогрес.
Пејачката откри дека во 1995 година и двајцата останале без работа, но успеале три деца да ишколуваат и изведат на вистински пат. Пејачката откри дека имало денови кога буквално немале пари ниту за леб.

Таа и нејзините брат и сестра немале услови да имаат посебни соби, но сепак биле среќни и создале блискот токму во моментите пред спиење кога си прераскажувале среќни моменти кои ги доживеале во текот на денот.
Познатата пејачка рече дека искрено се надева оти времето лечи се и дека болката со текот на времето која што ја чувствува по заминивањето од овој свет на нејзината мајка, ќе ја снема.

„Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа“, откри тогаш пејачката.
На својот Фејсбук профил често споделува и емотивни пораки посветени токму за нејзината мајка.

„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив. И камењата цветаа покрај тебе. На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше.
Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка“, напиша Андријана на својот Фејсбук профил.

















