Пејачите Јордан Митев и Благоја Грујовски ќе настапат на хуманитарен концерт, ајде сите да помогнеме!
Многу познати музичари одговорија на поканата да настапат на концертот со задоволство, па ајде сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело
И пејачот Јордан Митев ќе биде дел од хуманитарниот концерт
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев ги покани своите фанови на голем хуманитарен концерт во Трубарево.
Како што самиот објави во видеото на својот Фејсбук профил, тој и неговите колеги досега многу пати помогнале преку вакви манифестации и концерти, па ги замоли своите обожаватели со заеднички сили да се обидат да ги соберат паричните средства што се потребни за лекување на Тања Андева која боледува од мнгу ретка болест.
Хуманитарниот концерт ќе се вика „Сите за нашата Тања“ и ќе се одржи на 23 мај на фудбалскиот стадион во Трубарево, а парите од влезниците ќе бидат наменети за лекување на Тања која боледува од АЛС (заболување кое доведува до атрофија на мускулатурата) и заради брзата прогресија на болеста потребно е и брзо собирање на финансиски средства за понатамошно испитување и рехабилитација.
Покрај Јордан Митев на концертот ќе настапат и многу други народни и забавни изведувачи, а најава за настанот објави и Благоја Грујовски.
И тој во видеото што го објави на социјалните мрежи истакна дека сака да помогне и дека секогаш кога може е дел од вакви настани.
Принтскрин
„Се надевам дека сте ми добри, во добро здравје и добро расположение. Сакам да ве информирам дека овој четврток во Трубарево ќе се одржи голем хуманитарен концерт, на фудбалското игралиште, со почеток во 20часот. Концертот ќе биде наменет за собирање парични средства за лекување на Тања Андева. Досега сме помогнале преку многу вакви манифестации, многу концерти, така што и овој пат ќе помогнеме таму каде што навистина е најпотребно“, вели пејачот Јордан Митев во своето обраќање на Фејсбук.
„Повелете сите, ќе има богата музичка програма, ќе има доста изведувачи од македонската народна и забавна сцена“, додаде тој.
Принтскрин
На Тања можете да и помогнете и вие така што ќе се јавите на бројот 143-144 на Т-Мобиле или со донација на НЛБ 210-700000675159, но и со едноставно споделување на овој текст на социјалните мрежи како оваа информација би стигнала до што поголем број на луѓе.
Што кажаа за овој настан Јордан и Благоја, како и кои останати познати личности ќе се појават, погледнете во продолжение…