Реклама
Новости

Пет работи за убиецот Коста кои ги шокирале и лекарите

САМОУВЕРЕНО БАРА ДА ГО ПУШТАТ НА СЛОБОДА ВЕДНАШ!

Реклама

Продолжуваат изнендувањата поврзани со момчето Коста Кецмановиќ, од Белград кое на 3 мај изврши масакр во белградското училиште „Владислав Рибника“.

Тој имал над 200 изостаноци од училиште само во оваа учебна година.

Она што е чудно е што родителите дозволувале толку чести отсуствања од училиште. Во првото полугодие од учебната 2022/23 година имал 20 работни дена оправдани со лекарска потврда, а осум работни дена по родителска оправданост,  стои во порталот Republika.rs.

Маркетинг

Српските закони предивидуваат дека може да се оправдаат само три дена кога детето отсуствува од училиште.

Маркетинг

Српските медиуми пренесуваат за пет работи кои се повзрани со ова момче, а ги фрапирале и лекарите кои биле  во контакт со него.

НЕ ПОКАЖУВА НИ ТРОШКА КАЕЊЕ

И по долгиот престој во психијатриската установа, тој ни за миг не покажал дека се кае за стореното злосторсво. Според теоријата на Зигмунд Фројд, суперегото е етичка компонента на нечија личност која ѝ дава морални стандарди врз основа на кои се однесува. Суперегото се развива главно во текот на првите пет години од животот на детето, како реакција на родителското казнување или одобрување. Притоа, детето ги апсорбира моралните стандарди на родителите, традициите на семејството и општеството во кое расте и во него се формира суперего кое ја контролира агресијата и другите општествено непожелни импулси.Кога детето има развиено  соодветно суперего, тој чувствува вина или вознемиреност кога ги прекршува етичките стандарди поставени од неговото суперего и има потреба да се искупи за своите грешки. Ништо од тоа не постои со момчето убиец.

НЕ ГО ИНТЕРСЕИРААТ РОДИТЕЛИТЕ

Момчето-убиец од самиот почеток не барал никаков контакт со родителите, туку само се распрашувал за нив во контекст дали ќе го „извлечат“ од таа институција.

– Не покажува емпатија и грижа кон родителите и семејството, освен ако тоа не е директно поврзано со неговата удобност. На пример, кога прашува кога неговото семејство ќе направи нешто (за неговото ослободување). Очигледно, тој не го планирал овој исход, дека ќе биде во институција, туку дека веднаш ќе биде ослободен (бидејќи за време на убиствата имал неполни 14 години и според српските закони не може кривично да одговара за стореното кривично дело) – пренесуват српските медиуми.

САМОУВЕРЕНО БАРА ДА ГО ПУШТАТ НА СЛОБОДА ВЕДНАШ!

Само неколку дена по масакрот бил убеден дека ќе биде ослободен и се однесувал како да е прашање на време кога ќе биде пуштен од Клиниката. Очигледно момчето-убиец бил убеден дека тоа требало да се случи во првите неколку дена, а како што беше претходно обелоденето, во текот на истрагата било утврдено дека темелно истражувал дали и како може да биде казнет, ​​со оглед на тоа што во моментот на грозоморен тој немал криминал 14 години. Но, бидејќи шансите да биде пуштен на слобода речиси и да не постојат, момчето станало толку силно што почнало секојдневно да бара да биде пуштено, бидејќи велел  дека „повеќе нема причина да остане во болница“.

ТВРДИ ДЕКА Е НОРМАЛЕН 

Ова тринаесетгодишно момче секојдневно го поставувало прашањето „дали излегувам денес“, а како што поминува времето и сфаќа дека нема врска со тоа, почнал да инсистира на одговорот зошто е во институција кога „се е во ред“ со него и зошто е затворен.кога е нормално“.

Меѓутоа, во последно време момчето убиец почнало да покажува низа промени во однесувањето. Лежењето и релаксацијата ги заменил со шетање низ собата и дел од установата каде што е сместен. Почнал и бурно да реагира на мали, речиси безначајни причини или дури и без причина.

– Покажува нервоза со зборови и движења, се почесто поставува многу прашања иима апсурдни барања. Но, секогаш се се врти околу него и сите прашања што ги поставува се поврзани исклучиво со него и неговата удобност.

МИСЛИ ДЕКА Е ПОПУЛАРЕН

Лекарите кои секојдневно се во контакт со момчето-убиец беа особено шокирани што од првиот ден кога тој дошол на Клиниката тој прашувал за тоа како јавноста реагира за тоа што тој го направил.Очекувањата му заминале дотаму што прашувал дали луѓето ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе го скандираат неговото име!?

Момчето уби 10 луѓе, девет соученици и еден возрасен човек, чувар во училиштето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button