Реклама
Новости

Пет легендарни изјави на Коко Шанел што секоја жена треба да ги запомни

Реклама

Кога е во дваесеттите години од животот жената има лице што ѝ го дала природата. Во четириесеттите има лице што го заслужила!

Французинката Габриела Бонур „Коко” Шанел почина на 10 јануари, пред точно 48 години. Кога беше на самиот врв во модата, со нејзините модернистички идеи и модели инспирирани од машките костуми направи вистинска револуција во женската мода.

Маркетинг

Поради сето она што го направи за жените, да се потсетиме на нејзината генијалност низ најмудрите изјави што ни ги има оставено за да се сеќаваме на нив засекогаш.

„Грижата за изгледот започнува во срцето и душата. Производите за разубавување сами по себе нема да помогнат.“

Маркетинг

Кога е во дваесеттите години жената има лице што ѝ го дала природата. Во триесеттите има лице што сама за себе го направила. Во четириесеттите има лице што го заслужила!

Ниту една жена ништо не ја прави да изгледа постаро од очајните обиди да изгледа помладо.

Колку една жена се чувствува полошо, толку подобро би требало да изгледа.

Некои луѓе мислат дека луксузот е спротивност на сиромаштијата. Но не е. Спротивност е на вулгарноста.

Поврзано

Back to top button