Пет изданија на Лила што секој може да ги позајми за НАЈЛУДАТА НОЌ – последното е чиста провокација
Секогаш и провокативна и гламурозна во исто време
Најубавите изданија на нашата позната дама
Шармантната Лила Филиповска веќе со децении важи за една омилените и најубавите водителки во нашата земја.
Но покрај малите екрани, Лила се почесто ја гледаме и на социјалните мрежи каде со своите неверојатни модни изданија ги воодушевува сите. И тоа не се однесува само на оние комбинации што познатата водителка ги носи додека го снима своето популарно телевизиско шоу „Сé или нешто“, туку и на сите останати стајлинзи што ги носи и кога камерите и рефлекторите ќе бидат исклучени.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
И додека оние во кои се појавува на нашите мали екрани Лила секогаш изгледа елегантно и гламурозно, водителката во својот приватен живот знае често и да експериментира со стиловите, но и кога го прави тоа секогаш изглед отмено и привлечно.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Од овие причини денес решивме да избереме неколку нејзини стајлинзи кои можат да послужат како инспирација за новогодишната ноќ, а во кои водителката блескаше и мамеше воздишки.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Па доколку сакате да бидете во центарот на вниманието и за најлудата ноќ во годината, погледнете ги овие шик изданија на Лила.