Пет години како не е повеќе меѓу нас – сопругата нa Момо Николоски објасни како изгледа нејзиниот живот сега
Сопругата на легендарниот македонски пејач се огласи на Фејсбук.

Иако повеќе го нема, споменот на големиот македонскиот пејач засекогаш ќе живее во срцата на неговите најблиски и верните фанови.
Покојниот пејач на нродна музика Момо Николоски својата кариера ја започна во Струга, со изведување на забавна музика, а потоа продолжи со пеење на народни песни.
ФОТО: Фејсбук / Валбурга Ботева Николоска
Зад себе има многу безвременски хитови, кои ги знаат и помладите.
Сите ги знаат „Молчи срце молчи“, „Билјана“, „Дано, Данице“, Биди со мене“, „Само осамените“, „Една младост во Струга“…
Приватно беше сопруг и татко.
ФОТО: Фејсбук / Валбурга Ботева Николоска
Клучот од неговото срце го имаше само неговата сакана Валбурга Батева Николоска, која целиот живот беше негова најголема поддршка и придружба насекаде.
Валбурга инаку е психолог по професија, а со Момо важеа за еден од најскладните парови на естрадата.
ФОТО: Фејсбук / Валбурга Ботева Николоска
Кон крајот на 2018 година на Момо му беше дијагностициран paк на жeлyдникот.
Неговата сопруга беше личноста која секогаш јавно зборуваше за неговата здравствена состојба, бараше помош и поддршка за неговото лекување.
Но, за жал пејачот не ја извојува последната битка.
ФОТО: Фејсбук / Валбурга Ботева Николоска
На 3 јуни 2019 година згасна неговиот живот.
Неговата сопруга е активна на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да сподели објави поврзани со пејачот.
ФОТО: Фејсбук / Валбурга Ботева Николоска
Преку две фотографии таа покажа како изгледал нејзиниот живот додека тој бил жив, а како денес.
На едната фотографија се тие двајца, насмеани и среќни, а на другата е празна плажа што е синоним за празнината која ја чувствува без нејзиниот сакан.