Реклама
Наши ѕвезди

Петрушовска скршена од болка, објави тажна вест: „Беше секогаш позитивна и насмеана, многу ми е жал“

Жената која беше убиена од својот сопруг беше омилена меѓу водителките и пејачките во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Колегите и пријателите ќе ја памтат како весела и насмеана

Вчера се случи голема трагедија кога Ж.Д. ја уби својата сопруга Анкица Делибашиќ (57) во нивниот стан во Белград.

Како што пренесуваат медиумите, Анкица работела како шнајдерка во „Гранд“ и пред само неколку дена ги подготвувала стајлинзите за полуфиналната вечер во „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

Принтскрин/ Инстаграм

Колегите ја памтат како насмеана, ведра и комуникативна жена, која секогаш била расположена за разговор со колегите, но и натпреварувачите.

Маркетинг

Веста дека е убиена ги потресе сите, а покрај бројните колеги од неа се збогуваа и учесниците во „Ѕвездите на Гранд“ кои беа скршени од болка.

Принтскрин/ Инстаграм

„Почивај во мир драга Анкица. Секогаш позитивна и насмеана, многу ми е жал“, напиша пејачката Андријана Петрушовска.

Фотографија од Анкица со тажни зборови објави и Шејла Зониќ, која исто како и Андријана настапуваше во полуфиналето.

Принтскрин/ Инстаграм

„Анкица наша најпрекрасна. Толку ми е тешко и жал. Почивај во мир гулабице“, напиша Шејла на својот Инстаграм.

Принтскрин/ Инстаграм

Од Анкица се збогуваше и водителката Драгана Катиќ која исто така кога ја дозна страшната вест беше скршена од болка и тага.

Принтскрин/ Гранд

„Драга Анкице, незамисливо е дека повеќе нема да се дружиме на снимањата. Дека нема да ни донесеш нешто да ‘грицнеме’, дека повеќе со своите вешти раце нема повеќе да ги решаваш нерешливите работи. Многу, многу ми е жал“, напиша водителката на својот Инстаграм, неутешна и скрѓена од болка.

Принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, како што пренесоа медиумите, Анкица со нож е убиена од својот сопруг кој наводно сам се предал во полиција.

Принтскрин/ Инстаграм

Како што изјавиле нивните комшии, брачниот бар десетина години живеел во станот во кој се случи страшната трагедија. Со Анкица и сопругот во станот живееле нивните две деца и ништо не оставало сомнеж дека може да се случи еден ваков страшен злочин што го потресе целиот регион.

За сопругот на убиената се зборува дека секогаш бил мирен и повлечен, и дека сите останале во шок по трагедијата.

Принтскрин/ Инстаграм

Потресна објава на убиената, зборови од кои многумина ќе се расплачат

Убиената Анкица Делибашиќ на социјалните мрежи често објавувала семејни фотографии, но и песни од познатите музичари.

Таа во ноември објавила еден статус во врска со жените во општеството, односно видеоснимка на која може да се слушне став за жените.

Принтскрин/ Инстаграм

На оваа снимка помеѓу останатото се вели и дека жената се променила не заради својот физички изглед, туку заради својот став во животот. Судејќи според фотографиите Анкица во последните неколку години се разубавила и сите нејзини пријатели и следбеници ја пофалиле за тоа, но и често коментирале дека е една од оние жени што се како виното, кои како стареат така и се разубавуваат.

„Не, не можеш да скршиш жена, таа ќе види пат и таму каде не е поплочено, спремна да плаче и да се смее во исто време. Ќе знае да се соочи со осудите, но и понатаму да верува. Ако се соплете, на своето раме ќе се потпре. И кога ќе се раскрши на парчиња, ќе умее да се состави. Не, не можеш да скршиш жена, затоа што нејзината сила не е филозофија на телото, туку нејзината сила е ставот кон животот“ може да се слушне на снимката што ја има споделено убиената Анкица на својот профил, а која беше лајкувана од нејзините пријатели.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button