Петрушовска повторно направи фешта, публиката во транс – пејачката и во тесни фармерки како божица
Младата пејачка имаше уште еден настап за паметење

Пејачката Андријана Петрушовска овој викенд имаше уште еден одличен настап на кој ги воодушеви сите со својот глас.
Пејачката кога се појави на сцената направи вистински спектакл, а многу песни што ги пееше публиката ги испеа заедно со неа.
Таа веднаш откако се појави даде сé од себе за да ја подигне атмосферата, во што очигледно и успеа.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Тоа впрочем може да се види и од бројните видеа што испливаа на социјалните мрежи направени од нејзините фанови.
Андријана за овој настап избра да носи тесни фармерки, црвено сако и црни чевли со штикли, а целото издание го заокружи со црно боди, голем црн ремен со светкави детали и обетки со камчиња.
Како шарматата пејачка изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана Петрушовска во последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“ го освои високото трето место.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа потоа одржа голем концерт во своето родно Драчево за да им се заблагодари на сите што и даваа поддршка, а на истиот настапи и нејзиниот колега Мики Секуловски кој го освои второто место во шоуто.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
По овој успех во популарното шоу тие цело лето настапуваат низ клубовите во Македонија, а публиката ги обожава.
Еден од последните настапи на Мики погледнете го тука…