Петре Шилегов со емотивна порака се збогуваше од легендарниот БАЛАШЕВИЌ: „Денес губам дел од својата душа!“
Голема тага
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, беше добар пријател со легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ.
Шилегов се огласи кратко преку социјалните мрежи.
„Денес губам дел од својата душа. Денес губам дел од себе. Нашата задња слика друже. На твоето последно доаѓање во Скопје. А договаравме да ја отвориш Универзална …
Хеј Лега“ …
Познатиот кантавтор и пејач Ѓорѓе Балашевиќ го изгуби животот на 67 годишна возраст.
Откако состојбата му се влоши, тој беше привремено примен на Инфективната клиника.
Тој пред три дена беше примен во клиниката каде се лекуваше од воспаление на градите.
Откако беа објавени вестите дека големиот Ѓорѓе Балашевиќ го изгуби животот се огласија голем број негови колеги и колешки кои преку социјалните мрежи споделија емотивни пораки до легендата. Една од нив е и балканската дива Јелена Карлеуша, која на својот Инстаграм напиша:
„Голем, легендарен… Таквите како тебе не yмиpaaт“, напиша кратко пејачката на фотографијата од Балашевиќ
Балашевиќ е роден на 11 мај 1953 година во Нови Сад. И бидејќи е роден во раните утрински часови неговата мајка сакала да го крсти Зоран, но неговиот дедо кажал дека тоа е има за коњ и инсистирал да го наречат Ѓоко, по него. На крајот е постигнат договор и го избрале името Ѓорѓе. Балашевиќ потоа тврдеше дека не е највоодушевен со тоа име, но „досега се навикнав“, знаеше да се пошегува тој.
Еве што велеше тој за својот живот:
„Пораснав со многу љубов, во старата куќа на мојот прадедо, на Улицата Јован Цвијиќ, која и денес се вика така, а во која растат и моите деца. Имам свој двор, многу зелено овошје преку лето и кокошки и патки кои трчаа наоколу. Можеби најважно од се е што го имав Дунав кој се уште е таму, не е веќе зелен како што беше, но ми остана голема љубов“, раскажуваше своевремен тој за своето детство.
Таа на фановите позната куќа во Улица Ј. Цвијиќ, на периферијата во Нови Сад, Ѓорѓе ја обнови одбивајќи ги сите предлози на пријателите да ја сруши и да изгради нова бидејќи како што тврдеше, во неа дефинитивно живеат добри духови.
„Ја направи мојот прадедо кој не беше Балашевиќ. Од тогаш во неа пораснале четири односно пет генерации. Само кратко време со родителите живеев во центарот на Нови Сад, најверојатно за да можат моите дедо и баба да бидат сами, а можеби и затоа што во тоа време се сметаше дека животот во зграда е симбол на некој повисок стандард, бидејќи имавме – ролетни“ раскажуваше Балашевиќ за својот живот.
Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ стихови
Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ стихови
Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ стихови
Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ стихови
Фото: Фејсбук/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати
Фото: Фејсбук/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати
Фото: Фејсбук/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати
Фото: Фејсбук/ Ѓорѓе Балашевиќ цитати