Петгодишната Хармони од градинката ја принудија да се пресоблече бидејќи носела „несоодветен фустан”.
Целиот настан беше опишана од нејзината мајка, Емили Стјуарт, од американската држава Минесота, која беше шокирана од целиот настан.
Имено, девојчето од баба и на подарок добила фустанче на прерамки бидејќи во Минесота е доста топло, па мајка и дозволила да го облече за во градинка. Но таа беше непријатно изненадена кога нејзината ќерка ја виде пресоблечена во маичка со кратки ракави и пантолони.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2083410331778117&set=a.108496452602858&type=3&theater
“Не ми падна на памет дека возрасно лице може да забележи дека моето петгодишно дете во овој фустан е несоодветно облечено. Тие ѝ рекле дека мора да оди до медицинска сестра, која и рекла дека мора да го покрие нејзиното тело, и дека јас морам да ја научам да го сака и да го прифати своето тело, бидејќи тоа е приватност. Што точно е приватно во рамењата на дете од пет години? ” праша мајката.
На Хармони и рекле да ја смени облеката бидејќи оваа е многу срамна.
„Зошто овој фустан би бил несоодветен? Како можам да ја научам дека не е битно како изгледаш дека битно е образованието?” праша мајката.
Многумина коментираа дека фустанот е потполно соодветен за петгодишно девојче.
Што мислите вие?