Повеќето од нас немаат можност да си најдат прекар, а ова правило очигледно не се однесува за малиот принц Џорџ.
Целосното име му е Џорџ Александар Луис, и тој е првото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, и јавноста најчесто се нарекува кратко – принцот Џорџ.
Петгодишниот Џорџ, шетајќи со својата баба Керол Мидлтон и помладата сестра Шарлот, му го откри на случајниот минувач неговиот прекар.
Малиот принц во паркот почна да си игра со кучето на една жена која случајно се сретна со него. Тој на оваа госпоѓа и го откри негoвиот надимак:
„Знаеш, моето име е Арчи”, и кажал принцот.
Полицискиот придружник побара од жената која сакаше да остане анонимна, да не ги фотографира децата, со кои се запозна. Но, како што самата кажува, целата оваа ситуација со децата била многу симпатична за неа.
Иако принцот Џорџ и принцезата Шарлот растат во различни околности, како потомци на британската кралска двојка, сепак и тие како и сите останати деца имаат разиграна и бујна фантазија.