Реклама
CelebrityИнтервју

Пере од Нокаут „Во периодов на пандемија, максимално се посветив на создавање нова музика, која ќе ја слушнете наскоро“

Реклама

Македонската музичка атракција групата Нокаут овие денови се подготвува за уште еден фантастичен концерт под отворено небо во преубавиот Антички Театар во Охрид. Пробите се секојдневни, а датумот на одржување на концертот е 8-ми Август. Додека течат подготовските за концертот поразговаравме со фронтменот на групата Никола Перевски. Пере се потсети на 20 годишниот јубилеј на групата, но се навративме и на неговото детство…

Веќе 23 години како Нокаут сте присутни на музичката сцена, како е да се опстои толку долго на нашава сцена?

Потребен е труд, посветеност и безрезервна љубов кон музиката за да можеш толку долго да опстоиш на музичката сцена. Особено во Македонија. Но, она што сметам дека најмногу ни помогнало да опстоиме е желбата на сите членови од бендот да дадеме свој придонес кон одржување, па и подигнување на квалитетот на сцената.

Маркетинг

Имате ли одреден настап или концерт кој што ви има посебно значење?

Прашањата од овој тип ми се најтешки, затоа што секој настап има посебно место во моето срце, од различни причини. Но, еве ако морам да издвојам еден, тоа е концертот со кој прославивме 20 години постоење на Нокаут, во салата во која бендот го имаше својот прв самостоен концерт – СРЦ Кале. Фантастично беше чувството после 20 години повторно да излезеш на истата сцена. Дознав дека во салата имало луѓе кои биле дел од публиката и на првиот концерт, што за еден музичар е неописиво чувство.

До сега не се случило да биде забрането одржување на концерти и јавни настапи како се справивте со новонастанатата ситуација предизвикана од пандемијата со Корона вирусот?

Маркетинг

Мислам дека не постои човек на овој свет кој лесно се прилагоди на оваа ситуација. Но, јас сум личност која во животот секогаш настојува да ја сврти ситуацијата во своја полза, без оглед на тоа колку и да е тешка. Така што во периодов на пандемија, јас максимално се посветив на создавање нова музика, која ќе можете да ја слушнете многу наскоро.

Периодов често си во Охрид, кое е твоето омилено место таму?

Уживам во утринските и вечерни прошетки по кејот на Охридското Езеро. Никој не останал рамнодушен на Канео, Плаошник, плажата Лабино, и секако стариот дел од градот..

Какво дете беше Пере?

Со виолината во рака од многу мал, преку Камени Мост и назад, дома за да вежбам клавир. Во суштина духовно смирен, ама на моменти и многу палав.

Што најмногу ви недостасува од детството?

Виолината.

Подобро пееш или свириш гитара?

Пеaм.

Неостварена желба на Пере?

Сите неостварени желби една по една пробувам да ги остварам и ценам дека сум на добар пат.

Како се снаоѓаш во кујна?

Сите за кои сум готвел рекле дека сум одличен готвач. Нема причина да не им верувам.

Животно мото?

Се што правиш во животот треба да ти биде како терапија.

Ти недостасува Барселона?

Секако. Ми недостасува тој мирис на море и таа безвременска архитектура.

Што следно може да очекува публиката од Нокаут?

Многу нова музика, концерти и љубов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button