Реклама
Кафе муабет

Пеколен мај во Европа, температури до 37 степени, еве какво лето не очекува на Балканот

Реклама

Незапаметена зима без снег во поголем дел од Македонија не стави на мисла дали ни престои ледена пролет, или какво летно изненадување не очекува.

Најпознатиот метеоролошки сајт Акуведер најавува продолжение на топлото време од просекот во цела Европа, така што не треба да стравуваме од остри продори на студен воздух. Многу подрачја од март до јуни, односно низ трите летни месеци ќе не следат долготрајни периоди на суво време, но ќе има и кратки периоди на нестабилност до чести бури.

Циклонот од Атлантикот повеќе нема да ја зафати Британија, туку нивниот коридор ќе се помести северно, што ќе овозможи доаѓање на топли антициклони. Престојната пролет според Акуведер ќе има најголемо температурно отстапување на Пиринејскиот Полуостров, јужна Германија и јужна Британија.

Маркетинг

Веќе во мај делови од Шпанија и Португалија ќе имаат вистински летни температури, со повеќе денови со вредности над 32 степени, а во одредени микролокалитети може да се очекува температура и од 37 степени, така што топлото време брзо ќе се претвори во неподнослива горештина.

„Високите температури на воздухот над 30 степени во втората половина на мај може да се бележат од Париз до Берлин“, објаснува метеорологот Алан Реперт од Акуведер.

Маркетинг

Раното доаѓање на топлината  ќе предизвика развој на разни силни бури во втората половина на климатската пролет ширум средна Европа. Притоа во Франција, Белгија, Холандија и во северозападна Полска ќе постои најголема можност за појава на силни бури. Истовремено, на истокот од Европа ќе постои зголемен ризик од појава на суши.

Што го чека Балканот

Единствен дел од Европа каде се очекуваат просечни врнежи или нивен суфицит е Балканскиот Полуостров, предвидува Акуведер. Најврнежливиот дел од пролетта ќе биде неговиот прв дел, посебно март и април, кога се очекува зголемен број на средоземни циклони.

Невремето кое се очекува во овој регион од втората половина на април и мај, носи со себе големи грмотевици, а можни се и силни ветрови кои може локално да нанесат штета.

Иако локално ќе има закани од поплави, дождот добро ќе дојде во летните месеци кога ќе постои можност од појава на долготрајни суши. Во март може да има обилни снегови, кои изостанаа оваа зима. Пролетниот снег може да предизвика проблеми во сообраќајот.

Вториот дел од пролетта би требало да донесе помирно и постабилно време со повисоки температури од просекот од Италија до Романија, се до Грција.

Поврзано

Back to top button