Пеачот се разведе од сопругата, па го „фатија“ со Боки – фотографијата е хит, горат социјалните мрежи
Пеачот насмеан, ужива на вечера со Боки
Бесценети моменти, напиша Боки
Контроверзниот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, откако излезе од затвор постојано е во центарот на вниманието.
Тој е мошне активен на социјалните мрежи, а по гостувањето кај Стефан Лазаров на Јутјуб и неговата исповед за сето она што му се случувало во изминативе неколку години, повторно стана главна тема.
Така беше и овој пат кога на неговиот профил на Инстаграм објави една мошне интересна фотографија заради која се најде во речиси сите медиуми во регионот.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
На фотографијата тој е заедно со пејачот Харис Џиновиќ кој периодов е исто така актуелен заради неговиот развод од сопругата.
Имено, веста дека Харис и Мелина Џиновиќ се разведуваат одекна како бомба, посебно што важеа за еден од најпознатите естрадни парови на Балканот и беа повеќе од 20 години заедно.
Фото: Инстаграм
Тие од овој брак ја имаат ќерката Џина и синот Кан, а во брачни води стапија по 12 години врска иако се заедно уште од 2002 година.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Од овие причини секоја информација поврзана со познатиот босански пејач привлекува внимание, па така сега неговите фанови беа изненадени и од фотографијата на која е со Боки.
Боки напиша и дека по цели 10 години повторно има прилика да се дружи со својот драг пријател и дека ова за него се бесценети моменти.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Јовановски беше осуден на повеќегодишна затворска казна заради обвинение дека својата невладина организација ја користел за измама и перење пари, но оваа пресуда беше укината и тој се најде на слобода. Тој неодамна во емисијата кај јутуберот Стефан Лазаров спомна многу имиња од светот на политиката, а посебно привлече внимание неговото тврдење дека во затворот Идризово лежат невини луѓе осудени за тероризам во процесот „27 април“, односно дека пресудите, наводно, биле донесени под притисок.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Сето ова предизвика вистински потрес, како и многу други работи за кои што тогаш зборуваше Боки и кои ги изненадија сите.
Имено, тој го опиша својот затворски живот, но зборуваше и за делата за кои што беше осуден изнесувајќи шокантни информации што јавноста досега не ги знаеше.
Јовановскитогаш зборуваше и за своето здравје и дека останал 90 % вез стомак и дека се уште учи да живее со тоа, но и дека секогаш мора да ја носи терапијата со него бидејќи секоја компликација може да му го загрози животот.
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Се присети и на најтешките моменти во затворските ќелии, но не заборави да ги спомене и оние што му помогнале во најтешките моменти.
Повеќе за ова прочитајте тука…