Па што ако јас сум оженет?! За љубов никогаш не е доцна, нели? – македонскиот фолкер ги збуни сите, а најмногу сопругата
Мојата сопруга не е љубоморна
Фолк- пејачот Бобан Цаневски од Скопје кој своевремено учествуваше и во „Ѕвездите на Гранд“ реши да си ја проба среќата во уште едно шоу.
Имено, тој оваа сезона се натпреварува во најпопуларното музичко шоу за ветерани во регионот, „Никогаш не е доцна“, каде се претстави со песна од Тоше Проески.
Како што вели самиот, музиката е неговиот живот, а една изгубена битка не значи и изгубена војна, па во „Никогаш не е доцна“ се надева на повисок пласман отколку што беше случајот со „Ѕвездите на Гранд“.
Да даде Господ да успеам тука. Мислам дека е нормално сите да посакуваат победа изјави тој за „Гранд.онлајн“.
Бобан има 45 години, а со пеење се занимава уште од најмладите денови. Напоредно со тоа тој работи и како кустос во музејот на Холокaycтот во Македонија, а како што вели самиот, во младоста не успеал да оствари успешна кариера бидејќи не инвестирал доволно во себе.
Има завршено средно музичко училиште, а потоа дипломирал на факултетот за историја.
Поддршка добива од сите страни, па во шега вели дека пријателите по него истуриле две кофи вода за среќа кога тргнал на првото снимање.
„Моите пријатели знаат како пеам, ме испратија како што треба“, вели во шега Цаневски кој својот прв настап со песната „Тајно моја“ од Тоше Проески и го посвети на својата сопруга.
„Тежок е животот на музичарот и на нивните жени. Не е љубоморна сопруга, таа е жена што разбира се. Инаку е професорка по македонски јазик. Имаме различни занимања, но супер се согласуваме“, откри Бобан.
Тој за крај пред камерите откри и за што никогаш не е доцна, а неговиот неочекуван одговор збуни многумина.
„За љубов! Па што ако сум оженет?“
„Оженет, неоженет, за љубов генерално никогаш не е доцна, без љубов ништо не функционира“, вели тој.
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски
Фото: Фејсбук/ Бобан Цаневски