Реклама
Вирално

Пациентите кои ја победија короната мора да бидат внимателни: Грипот за нив е голема опасност, еве зошто

Реклама

Доколку сте прележале коронавируси и од него успешно сте се опоравиле, поради ослабениот имунитет, голема е веројатноста дека пред другите ќе закачите сезонски грпи или други инфекции. Лекарите ги предупредуваат пациентите со послаб имунитет, посебно оние заразени од корона, дека може да им се случи тешка клиничка слика, и затоа препораката до нив е да се вакцинираат против грип, за да избегнат потешки последици.

Српскиот епидемиолог Предраг Кон истакнува дека вакцините против грип, кои неодамна пристигнаа во Србија се наменети за постари од 3 години и дека препораката е, ризичниот дел од населението да се вакцинира.

Маркетинг

– Имаме ситуација ковид да ги намалува лимфоцитите и организмот кој претрпел коронавирус се чувствителни и на грип и останати инфекции, но јасно е дека е тоа ризик и постои сериозна препорака од СЗО дека не треба да се шегуваме со коронавирусот, предупредува Кон.

Д-р Љиљана Тимотијевиќ, дирекот на Градскиот завод за белодробни болести во Белград, вели дека граѓаните треба да се вакцинираат зошто во случај да дојде до инфекција со вирусот на грип, нивната клиничка слика може да биде поблага ако не се вакцинирале.

Маркетинг

-Ако се вакцинираа, нема да има повторно напади врз имунитетот, како што беше со коронавирусот. Кај пациентите кои прележале корона претпоставката е и очекувано дека ќе имаат потешка клиничка слика, дека меѓу нив ќе има потенцијално поголем број кои ќе реагираат на инфекцијата на контакт со вирусот на грип, нагласува д-р Тимотијевиќ и додава:

Кај оние кои прележале коронавирус и имаат болест на белите дробови или пк, очекувано е нивниот имунитет да биде ослабен и да бидат во поголем ризик од заболување од сезонски грип.

grip 1

Д-р Дубравка Салемовиќ, инфектолог од Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград вели дека вирусната инфекција може да остави последици и дека пациентите кои ја прележале короната се склони кон инфекција, вирусна или бактериска.

– Опаѓа нивото на лимфоцити, и тоа не се однесува само на ковид-19 туку и на сите вирусни инфекции кои го трошат имунитетниот систем. Кога паѓаат лимфоцитуте, паѓа и ЦД4 (помошни Т лимфоците кои им помагаат на Б клетките да создаваат антитела и фагоцити за да ги убиваат микроорганизмите) и ЦД8 (цитоксични лимфоцити, кои ги убиваат клетките во кои се наоѓаат интацелуларни микроорганизми). Прашање е колку долго кај коронавирусот трае постинфективниот синдром, период во кој тие се чувствителни и можат повторно да добијат некоја вирусна инфекција. Не мора тоа да биде грип, тоа може да биде и некоја друга вирусна инфекција, на која се подложни поради падот на имунитетот на клетките. Тоа е нешто што и претходно сме го гледале, децата прво заболуваат од овчи сипаница, а потоа добиваат шарлах, вели докторката.

Еве кој се треба да се вакционира против грип:

-постари лица

– хронично болни

– дијабетичари

– пациенти кои имаат висок притисок

Совети од лекари за подигнување на имунитетот и заштита од вируси

– разновидна и здрава исхрана

– физичка активност

– одмарање

– физичка дистанца

– носење маски

– често миење на раце

– проветрување на просториите

Симптоми на коронавирус

Чести

– температура повисока од 37,8 степени

– упорна сува кашлица

– губење на сетилот на мирис/ сетило за вкус

Ретки

– забор, болки и воспаление на грло

– главоболка и отежнато дишење

– диареја, течење или затнат нос

Симптоми на настинка

Чести

– кивање
– болки во мускулите
– течење или затнат ност
– болки во грло
– блага кашлица
– замор

Ретки

– треска или главоболка
– нема диареја кај настинката

Симптоми на грип

Чести

– температура
– замор
– сува кашлица
– болка и главоболка
– течење на нос или затнат нос
– oтежнато дишење

Ретки

– воспаление на грло
– дијареја (кај деца)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button