Реклама
Вирално

Патувањето со авион повеќе никогаш нема да биде исто: Ова се нови 7 правила за летање

Реклама

Дел од државите и авиокомпаниите соопштија некои правила со што влегувањето во авион ќе биде потешко отколку влезот во некоја воена база.

Имено: чекирањето пред влез во авион најверојатно ќе трае со часови (не помалку од два – три часа), додека однесувањето внатре во авионот ќе биде сосема поинакво од она на кое сме навикнати.

Покрај тоа, граѓаните кои сакаат да патуваат со авион ќе мора да имаат и тест на коронавирус, секако негативен, кој не е постар од 72 часа, а кога ќе слетаат ќе бидат во изолација.

Маркетинг

Правилата, извесно е, ќе бидат усогласени на меѓународно ниво.
Додека се наближува моментот кога патничките авиони повторно ќе полетаат, јасно е дека последиците на пандемијата од коронавирус ќе бидат долго присутни во авиосекторот.

– Дури и кога превентивните мерки воведени среде пандемијата главно ќе станат минато, некои сепак ќе останат на сила, па патниците на влез во авион ќе мора да чекаат со часови, бројот и капациетот на летови ќе се намали, а со самото тоа и авионските карти ќе бидат поскапи. Покрај тоа, пред полетување ќе прават проверка на здравствената состојба, а патниците ќе мора да носат заштитни маски или шалови, велат британските авио експерти.

Маркетинг

Воведување на социјалното дистанцирање на аеродромите физички е невозможно, предупреди извршниот директор на аеродромот „Хитроу“, Џон Холанд – Кај.
-Социјалното дистанцирање не функционира ниту во еден јавен превоз, ниту пак во воздушниот сообраќај, рече Холанд – Кај.

Првиот човек на најпрометниот аеродром во Европа рече дека аеродромоте мора да воведат здравствени прегледи, а патниците ќе мора да носат маски. Како што пишува британски Сан, експертите предупредуваат дека ваквите екстремни мерки би можеле да се применуваат во наредните пет години.

Некои од мерките на аеродромот

1. Задолжително носење маски и ракавици

2. Мерење температура пред влегување во авионот

3. Патниците мора да имаат негативен тест на корона не постар од 72 часа

4. Почитување на дистанца во авионите

5. Нема служење храна и пијалоци во леталата

6. Намалување на бројот на патници, а со тоа и поскапи карти

7. Изолација при слетување

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button