Реклама
Новости

Пастор Филип: Семејството Белчовски во најмала рака треба да добиваат една пратеничка плата доживотно- заслужуваат многу повеќе

Реклама

Реакциите по огромниот хуман гест на семејството на 20-годишната Верица Белчовска од Берово, чии органи беа донирани не престануваат.

Поради нивната хуманост младиот Иле доби втора шанса и го прими срцето од нивната ќерка и сестра 22 годишната Верица, уште две лица добија бубрег, а ќе се рансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските.

Маркетинг

На социјалните мрежи следае илјадници стауси со кои луѓето се обидоа да искажат почит кон ваквата одлука , но и сочусвство за прерано згаснатиот живот, а еден од оние кои се огласија беше и Пасторот на Евангелската црква, Филип Иванов кој напиша дека според него, семејствата кои се согласиле да бидат донори во најмала рака треба да добиваат пратеничка плата до крајот на животот.

„Ако може пратениците кои оделе или не оделе на работа да земаат баснословни суми за плати, патни трошоци и што ли уште не, сметам дека луѓето кои во најголемата своја болка наоѓаат сили да направат таков чин на хуманост, кој де факто спасува неколку животи, заслужуваат барем толку, ако не и многу повеќе.“ напиша пастор Филип и додаде:

Маркетинг

„За разлика од случајот со политичарите, ниту еден од нас не ќе има проблем со тоа нашите пари да се користат така.“

ФОТО: Филип Иванов /Фејсбук

За семејство кое ја покажа целата своја големина со хуманиот гест следеше хуман гест за возврат.

Стара добра изрека вели доброто со добро се враќа, па иако загубениот живот нема цена сепак е од помош.

Семејството Стајиќ, сопственици накомпанијата Gulf Oil во Македонија на семејството на Верица Белковска им донира 1 милион денари.

Тие велат дека тоа е најмалку што може да направат во возврат за спасени три млади животи.

„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни.Покажаа дека животот сепак може да се подари “ велат од семејството Стајиќ.

Братот на починатата вели дека и покрај трагичниот чин сакаат да остават пример за потребата од вакви хумани гестови и дека сакаат да спасуваат животи велејќи дека така ќе живее и неговата сестра.

Братот на Верче  за „ММС“ кажа дека несовесен возач на седми април ја удрил Верица на пешачки премин во Струмица, а потоа побегнал, додека пак таа се здобила со тешки повреди кои ја чинеја живот, но иако го загуби нејзиниот помогна на многу други.

ФОТО: Венко Филипче/Фејсбук

Поклон до земја за оваа девојка и нејзиното семејство!
Благодарност искажаа и од Министерството за здравство и велат дека благодарение на Верица до сега се спасија три животи.


Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести, велат од Здравство.
Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето.

Поврзано

Back to top button