Реклама
Вирално

Партнерот на Силвија со Мадам Пепи продавале брендирана облека на српските ѕвезди?

Реклама

На актерката Силвија Стојановска и е одреден домашен притвор, а нејзиниот партнер е спроведен во Шутка.

Нашата позната 59-годишна актерка Силвија Стојановска вчера беше приведена заради сомнение дека е дел од банда која шверцува кокаин. Како што објавија медиумите во прашање е пратка од 700 килограми кокаин од Шпанија, но во интерес на истрагата Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција нема да споделуваат информации со јавноста кои се поврзани со овој настан.

Маркетинг

Сепак, порталот „Фокус“ објави дека заедно со актерката беше уапсен и нејзиниот партнер Војислав Будисављевиќ. На Стојановска и е одреден домашен притвор, додека на нејзиниот партнер 30 дневен притвор и е спроведен во Шутка.

Kокаин и брендираната облека

Истото лице и пред речиси 10 години се најде пред лицето на правдата и тоа заедно со Мадам Пепи, односно Персида Момировска која беше фатена со кокаин и брендирана облека.

Маркетинг

Но тогаш Будисављевиќ не беше осуден, односно одговараше само за фалсификување на службени исправи бидејќи во станот на Пепи беа пронајдени фалсификувани документи со негови фотографии и лажни имиња.

Пратката заради која беше уапсена Мадам Пепи

Инаку, во станот на Персида Момировска (48) која тогаш беше уапсена заради криумчарење на кокаин, беше најден и тефтер во кој имаше бројни луѓе од српската и македонската естрада кои таа со години ги снабдувала со ексклузивна гардероба украдена од европските бутици.

Медиумите тогаш ги објавија гласините дека од бутикот на Пепи купувале и познатите пејачки Цеца и Емина Јаховиќ.

Будисављевиќ тогаш беше осуден на казна затвор од три години и шест месеци, а Мадам Пепи на 4 години и 11 месеци.

Облеката пронајдена во станот на Мадам Пепи

Во текот на судењето Момировска призна дека дел од стоката ја продавала без да плати давачки кон државата, но негираше поврзаност со пратката кокаин од Перу.

На Будисављевиќ му се судеше во отсуство, а во 2014 година беше екстрадиран од Белгија.

Казна од најмалку 5 години затвор

Инаку актерката Силвија е дел од ансамблот на Драмскиот театар во Скопје, а во 2005 година беше и директорка.

Нејзината најнова филмска улога беше во „Ослободување на Скопје“ во 2016 година, а игра и во популарната домашна серија „Фамилија Марковски“.

Нејзиното приведување и приведувањето на нејзиниот партнер се дел од поголема меѓународна акција, во која е вклучен Интерпол, а неофицијално, истрагата ја води шанската полиција. За делото за кое е осомничена Стојановска, Кривичниот законик предвидува казна од најмалку пет години затвор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button