Реклама
Хороскоп

Парите ќе ви доаѓаат од сите страни: ПЕТ ГЕНИЈАЛНИ ТРИКОВИ како да привлечете НЕВЕРОЈАТНА СУМА НА ПАРИ

Еве што велат консултантите за фенг шуи

Реклама

Ако сакате да ја зајакнете својата финансиска ситуација, направете ги овие измени во својот животем простор и парите ќе почнат сами да доаѓаат. Барем така тврди Фенг шуи.

Не користете симболи на вода во домот

– Цевките што протекуваат се знак дека парите ви се лизгаат од раце – вели консултантката за фенг шуи Карен Роуч Картер. За да ја зацврстите вашата банкарска сметка, дефинитивно треба да ги поправите сите искршени цевки во куќата, но и да се ослободите од сета вода која долго време стоела, на пример, да ја смените водата во вазните за цвеќе.

Најдобро би било да избегнувате прикажување на уметнички дела со водени елементи – особено во спалната соба, ниту пак да поставувате огледала повисоко од вашиот нос. Советува експерт за фенг шуи, како што пренесува PortalOko.

Маркетинг

Внесете повеќе растенија

– За да напредувате во животот, важно е да создадете жив, здрав и инспиративен простор во вашиот дом без неред – предупредува експертот за фенг шуи, Лаура Бенко. Нередот го попречува слободниот проток на енергија, а тоа ги прави домашните мрзеливи.

Најдобро би било да се зајакне животната сила со растенија и цвеќиња, но и со редовно проветрување на сите простории. Фонтаните се симбол на пари и богатство, па ако имате простор во дворот и средства на располагање, размислете за оваа декорација.

Маркетинг

Користете ги боите на богатството

Бојата може да има големо влијание врз вашето расположение. Црвената боја се смета за многу моќна боја, па не е изненадување што познатите личности шетаат по теписите со оваа боја кога одат на филмски премиери. Ако сакате да привлечете пари во вашиот живот, ставете црвени украси, како и зелени и виолетови.

Сепак, постои исклучок. Ако не можете да ја поднесете црвената, зелената или виолетова боја, тие нема ни да функционираат како средство за привлекување пари во вашиот живот. Фенг шуи не се рефлектира само во распоредот на предметите, туку и во хармоничната рамнотежа помеѓу вас и просторот во кој престојувате.
организирани.

Чиста кујна

Шпоретот мора да биде чист, а секоја рингла мора да работи правилно. Конечно, ако сакате да ја подобрите вашата финансиска состојба, погрижете се трпезариската маса да биде секогаш беспрекорно чиста.

Ослободете се од старите работи

За да заработите пари, понекогаш треба да се ослободите од старите работи што никогаш не ги користите. На пример, во некои кутии веројатно чувате стари далечински управувачи, облека во која повеќе не можете да ја облечете и слични предмети кои никому не му користат.

Ако нешто не користите, веројатно не ви е важно, ниту ви треба. Ослободете простор во куќата кој ќе ви овозможи да внесете нова енергија и да ви донесе просперитет, пишува „Телеграф“.

Поврзано

Back to top button