Папучите на Лила се хит, целиот Интернет гледа во нив – многумина ги сакаат, но ретко кој ги има (фото)
Овој модел можете да го носите како во свечени, така и во опуштени изданија
Блеска каде и да се појави
Водителката Лила Филиповска секојдневно ги воодушевува своите бројни фанови на социјалните мрежи со снимките што ги објавува.
Но она што вљубеничките во модата го забележаа од нејзините објави од ова лето е еден интересен детаљ на нејзините нозе.
Шармантната водителка со овој интересен детаљ можевме да ја видиме во најразлични изданија во изминативе неколку недели, а едно од најубавите можеби беше кога Филиповска го комбинираше овој шик моден додаток со преубавиот бел фустан.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа тогаш позираше како холивудска дива, а она што многумина го забележаа беа и нејзините папучи кои веќе со години се хит.
Станува збор за папучите „Хермес оран“ кои прв пат се претставени пред речиси три децении, но кои и денес се вистински хит.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Ги обожаваат дамите од целиот свет и се мошне удобни за носење, а можете да ги комбинирате речиси со сé и во сите пригоди.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Единствената мана им е цената – тие чинат околу 750 долари, но очигледно Лила не жали пари кога е овој нејзин „фетиш“ во прашање.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Впрочем ова важи и за многу други познати личности кај нас, а во светот тие им се омилени на Меган Маркл, Ева Лонгорија и многу други.
Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ
Интересно за овој модел е и тоа што едни го носат во опуштени варијантни, но истите стојат одлично и во свечени пригоди. Тоа впрочем можевме да го видиме и неодамна од Јелена Ѓоковиќ која исто така ги обожава овие папучи, но и од водителката Лила која имавме прилика да ја видиме како ги носи и во двете варијанти.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Бонус галерија
Инстаграм/ Лила Филиповска
Топ 3 летни изданија на Лила
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инстаграм/ Лила Филиповска