Панчо проговори за детството без татко: Мајка му морала да позајмува пари од лихвари
Познатиот мaкедонски музичар проговори за тешкиот период од животот.
Панчо раскажа какво му било детството во кое растел без татко.
Владимир Блажев во јавноста е познат како Панчо ДНК.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Панчо со децении е дел од дуото ДНК заедно со неговиот колега Андреј.
Тие се едни од ретките, можеби и единствено дуо кое опстојува долги години и одлично функционира.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Нивните песни ги знаат и пејат и поновите генерации, а ДНК може да се пофали со редовни настапи, многу успешни соработки и концерти.
Панчо исто така е една од ретките македонски познати личности кои секогаш отворено и искрено зборуваат за одредени ситуации поврзани со нивниот приватен живот.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Многупати има зборувано за битката која ја води со анксиозноста и тешкотиите со кои морал да се избори.
Во поткастот на јутуберот Стефан Лазаров проговори и за своето детство и за животот без татко.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
„Јас татко ми не го ни паметам. Татко ми почина од леукемија. Мајка ми била и мајка и татко и Господ за мене, сѐ заедно. Немаш закрило и заштита. Друго е кога некој ќе ти рече ‘сега ќе те кажам јас на татко ми’, знаеш јас што ќе кажам ‘ќе те кажам на мајка ми’.
Сме немале пари ама мајка ми наоѓала начини, земала пари од лихвари, позајмувала од другари, пријатели, па враќала, за да ми угоди мене. Единствено што ми е многу жал што не дочекав да ѝ вратам, да ѝ овозможам тоа што она ми направила. Таман почнавме да се развиваме добро таа фати канцер, за жал канцер на матка“, раскажа пејачот.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
„Кога велат дека време лечи сѐ, да можеби малку помалку боли, ама секогаш ти фали и знам често да заплачам кога ќе ми текне“, кажа Панчо.
Со текот на времето научил да се носи со болката и да не ги држи емоциите во себе.