Реклама
UncategorizedНаши ѕвезди

Панчев го даде историскиот гол, а потоа се ожени со Маја која и денес е вистинска убавица, па дури и кога е без шминка (фото)

Реклама

Љубителите на фудбалот и денес не го забораваат финалето на Купот на европските шампиони во Бари во 1991 година.

Тогаш Црвена Ѕвезда стана првак на Eвропа, а одлучувачкиот гол го даде макeдонскиот голгетер Дарко Панчев.

Маркетинг

Еден од најуспешните југословенски фудбалери нижеше гол за гол, а кога реши фудбалската кариера да ја замени со мирен семеен живот, тој се ожени со пејачката Маја Гроздановска Панчева со која доби две ќерки.

Нивните две ќерки ги носат имињата на своите баби, Надица, по мајката на Дарко и Марија по мајката на Маја.

Маркетинг

Маја пред само неколку дена го прослави својот роденден, а судејќи според нејзините фотографии таа се уште изгледа беспрекорно, како времето за неа да не постои.

Тоа можеме да го видиме и од фотографијата на која е без грам шминка на лицето и на која изгледа прекрасно.

Панчев ја освои златната копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано. Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион кога во 1997 година на само 32 години ја завршил невпечатливо својата кариера.

Денес Панчев живее во Скопје и води мирен живот. Откако се врати во својот роден град, заплови во брачните води со познатата пејачка Маја Гроздановска-Панчева и со неа ги доби своите две ќерки, Надица и Марија.

A еве и неколку стари фотографии од Маја …

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button