Пандев сподели преубава вест, ова го израдува целото семејство – посебен ден за неговата љубов
Еден од нашите најдобри фудбалери ја покажа и својата романтична страна.
Пандев позираше покрај својата сакана и јавно ѝ го честиташе роденденот.
Фудбалерот Горан Пандев е еден од најдобрите светски фудбалери и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Горан Пандев
Роден е во Струмица и има 4 години помлад брат, Сашко, кој е исто така фудбалер.
Пандев е активен и на Инстаграм, но ретко објавува фотографии од семејството иако, секако дека постојат и исклучоци од кои можеме да видиме како изгледаат веселите семејни моменти на македонската фудбалска легенда.
ФОТО: Инстаграм / Горан Пандев
Од 2009 година е во брак со сопругата Надица Хаџи Скерлева, која исто така е од Струмица.
Плод на нивната љубов им се синот Филипо, ќерката Ана и најмалата Софија, која им се роди во 2018 година.
ФОТО: Инстаграм / Горан Пандев
Двајцата својата љубовна бајка ја имаат започнато уште во најмладите години, а трае до ден денес и се силна како првиот ден.
По повод роденденот на Надица, тој одлучи да сподели нивни заеднички фотографии додека уживаат во романтично попладне.
ФОТО: Инстаграм / Горан Пандев
Како и секоја година тој ѝ честита со реченицата: „Среќен роденден љубов моја“.