Виртуозот на гитара објави фотографија со својата ќерка и ги воодушеви сите.
Ана е вистинска убавица, а нејзиниот татко има и зошто да биде горд на неа.
Влатко Стефановски е еден од најдобрите гитаристи на нашите простори.
Во досегашната кариера остави траен белег во македонската музика.
Влатко е активен на социјалните мрежи каде најчесто споделува новитети поврзани со неговата работа.
Понекогаш знае да сподели и фотографии од неговите најблиски.
Пред 4 години доживеа голема трагедија, односно ја изгуби својата сопруга.
По загубата на жената која цел живот му била и љубов и поддршка, единствен спас да не западне во депресија била музиката.
„За жал, пoчина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е една огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам некои и од моите проблеми”, кажа Влатко во едно свое интервју.
Тој на Инстаграм сподели фотографија со својата ќерка Ана и ги воодушеви сите.
Ана е инаку доктор на науки, а својата докторска дисертација ја одбрани на Универзитетот во Падова, Италија.
Ана по професија е дизајнер и претходно магистрираше дизајн во Италија. Синот Јан, пак, од пред неколку години свири тапани во триото на Стефановски.
Во моментов Ана и Влатко се во Ирска, па музичарот се пофали на Инстаграм.
Коментарите на фановите се дека Ана премногу наликува на својата мајка. Што мислите вие?
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски
ФОТО: Инстаграм / Влатко Стефановски