Памела немаше среќа ни со петтиот брак – се разведе за само 12 дена и напиша порака до сите жени
Памела Андерсон и продуцентот Џон Патес се разделија откако само 12 дена беа ви брак
Веста прв ја објави „Холивуд Репортер“ кој исто така прв објави и за тајната венчавка на Памела и Џон, а потоа ја објавија и приказната за нивната разделба која што ги изненади сите.
„Ќе бевме многу благодарни на вашата поддршка, но се разделуваме за да процениме што сакаме од животот и еден друг“, соопшти Памела.
„Животот е патување, а љубовта е процес“, изјави и им се заблагодари на сите што ја почитуваат нивната приватност.
Тие беа во брак од 20 јануари.
„Таа знаеше за Џон но никогаш не живеела со него. А додека не живеете со некој… да речеме дека Памела барала пауза. Ќе се врати во Канада да биде со своето семејство“, изјави извор близок до парот за Фокс Њуз.
Тие и двајцата имаат четири брака зад себе.
Прво многумина ја осудија Памела која долги години е симбол на женственоста и страста што решила да се омажи за 22 години постар маж, а сега пак многумина ја осудуваат заради рекордниот развод.
По веста се огласи и Памела која напиша порака за сите жени.
„Не постои книга со правила која дефинира како силните жени треба да изгледаат. За некои тоа е нивниот отпор, за некои омилениот црвен кармин, за некои успех на работата од соништата, а за некои само мирно битисување. Затоа до сите силни жени таму, не дозволувајте му на светот да дефинира како силната жена треба да изгледа, бидејќи силата изгледа баш како Вас“, порача Памела на Твитер.