Реклама
Вирално

Палчо за три дена би можел да биде вратен назад во Македонија? Турците за вакви дела немаат милост

Дали Љупчо Палевски Палчо кој е осомничен за убиството на Вања може да избегне екстрадиција? Или пак експресно ќе биде вратен во Македонија...

Реклама

Љупчо Палевски Палчо кој е осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски се наоѓа во екстрадиционен притвор.

Откако нашето МРВ распиша Интерпол потерница по него, тој за брзо време беше лоциран и фатен од страна на властите во Турција.

Но според експертите тој би можел да го одолговлекува процесот на екстрадиција и да не прифати да биде испорачан во нашата земја.

Маркетинг

Како што велат некои експерти, постои можност тој да не се согласи со доказите и документите што нашата земја ги има доставено до судските органи во Турција, а потоа и на некој начин да успее да докаже дека во нашата земја му е загрозен животот, но и да се обиде целиот случај да го претстави како политички прогон.

Маркетинг
Фото: Гугл мап

Доколку Палчо се обиде на ваков начин да избегне да биде екстрадиран во нашата земја, посебно што и возилото на неговата политичка партија е индиректно вмешано во целиот случај, односно користено е при грабнувањето на една од жртвите, тогаш турските органи ќе мора да ги проверат овие негови тврдења, така што целиот процес би можел да се одолжи, велат некои ексерти (види тука).

Но турскиот новинар Јусуф Емин, во своето интервју од пред три дена за српската Курир телевизија, вели дека досега никогаш не се случило Турција да одбие да и испорача некој злочинец на Македонија, но и дека ова е прв пат вакво кривично дело да се случи и да биде предмет за екстрадиција помеѓу овие две земји.

Фото: Фејсбук

Како што вели тој, првоосомничениот за ова монструозно убиство бил уапсен по три часа откако пристигнало известувањето во Турција од страна на нашето Министерство за внатрешни работи.

Осомничениот веќе им дал изјава на органите што бара во Турција, како дошол и кои биле неговите планови, и како што вели новинарот, ова лице би можело за три дена да биде испорачано на Македонија.

Во врска со тоа дали се очекува некаков застој во процедурата заради тоа што Палчо беше лидер на политичка партија, и тоа партија која искажувала отворени проруски ставови, новинарот вели дека Турција и Македонија имаат многу блиски односи веќе со години така што не очекува да има ништо помеѓу овие две земји, и покрај тоа што Турција има одлични односи и со Русија.

Како што потенцира тој, ваквиот притисок тука во Турција не важи, посебно што е во прашање едно мало девојче кое е свирепо убиено

Кога се во прашање вакви работи, турската полиција многу објективно ги третира ваквите случаи, вели Јусуф и додаде дека кога го контактирал министерството за правда да го информираат за овој случај, добил одговор дека осомничениот во рок од три дена би можел да биде испорачан во Македонија.

Потсетуваме, на осомничените Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видовски, обвинети за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска (14) им беше изречен триесетдневен притвор. Оваа мерка му беше изречена и на таткото на починатото девојче кој заедно со нив беше донесен во Кривичниот суд.

Фото: Фејсбук

Неколку дена подоцна ѕапсен е и креаторот, планерот и директниот извршител на овие злосторства, Љупчо Палевски Палчо.

Првоосомничениот е фатен во Турција, а уапсено е и лице од Струмица кое му помогнало на да замине од Србија во Турција.

Тој со сомничи дека помогнал на лице што извршило тешко кривично дело за кое е пропишана казна од доживотен затвор.

Принтскрин/ Јутјуб,Агамемнон продукција

„Тоа беше последната алка на овој грозоморен чин, кој ни недостигаше за да кажеме дека сме направиле се, со што сме ги разоткриле овие монструми. Вчера попладне, на барање на нашето МВР беше распишана итна меѓународна потерница за лицето Љ.П. од Скопје, барано за тешки дела грабнување и убиство, што е таканаречена црвена потерница која во истиот момент стана видлива во целиот свет. Но токму врз основа на наши оперативни сознанија каде се движи бараното лице, не застанавме на тоа, туку продолживме и со билатерална соработка за фаќањето на овој монструм“, изјави Спасовски на прес-конференцијата.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button