Вести

ПАДНА ОДЛУКА Eве колку пари ќе добијат пензионерите во наредните 5 месеци

Advertisement

На денешната владина седница е усогласен деветиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра. Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност насочени кон ранливите категории на граѓани и компании.

Со мерките се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „МојДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и над 70 илјади компании.

Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека над 105 илјади основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1200 и 1800 денари месечно.

Основците од семејства со примања под 50.000 денари, ќе добиваат по 1200 денари месечно следните шест месеци. Средношколците ќе добиваат по 1800 денари / месечно.

15 илјади студенти ќе добијат ваучер за превоз во вредност од 600 до 1200 денари месечно, следните 7 месеци.

По илјада денари ќе добиваат самохраните родители, родители на деца со попреченост, корисници на минимална помош…

Пензионерите во наредните пет месеци ќе добиваат по 3000 денари до 14.000 денари, 2000 денари ќе добиваат пензионерите за оние од 14.000 до 16.000 денари. Пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари ќе добиваат 1500 денари помош.

Финансиска поддршка за студените преку доделување на ваучер за превоз на 15.000 студенти кои живеат надвор од место на студирање и тоа по 600 денари -1.200 денари во зависност од местото на живеење и студирање.

Приматели на пензија до 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од 5 месеци како поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци за живот, како и продолжените ефекти од енергетската криза и стабилизирање на ценовната криза.

Оваа мерка ќе ја искористат 92.212 приматели на пензија.

Вкупните фискални импликации изнесуваат 1.383.180.000 денари односно 22.490.732 евра.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button