ПАДНА ОДЛУКА – овие македонски политичари добија 60.000 евра од државата

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер Оливер Спасовски ќе продолжат да земаат функционерски плати уште една година.
Пред десетина дена, во речиси празната сала „Борис Трајковски“, дел од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги усвоија решенијата за остварување на правото на апанажа на двајцата членови на кои им престанала функцијата.
Според законот надоместокот е во висина на платата што именуваното лице ја добивало додека било на функцијата. Со контроверзната одлука одлука на Уставниот суд кој одлучуваше по платите на фукционерите со кои им се зголемија за неверојатни 78%, овие поранешни двајца носители на функции ќе земаат 156.482 денари- Ковачевски, додека Оливер Спасовски ќе зема 153.037 денари, односно плати кои ги земале додека ја извршувале функцијата.

Комисијата за избори и именувања ги усвои нивните барања за апанажа. Со тоа, ќе земаат плата во целосен износ од околу 2.500 евра, иако пред околу еден месец си поднесоа оставки за да биде избрана техничката Влада. На Ковачевски му е одобрено и службено возило.
Апанажата законски им следува на сите поранешни министри, пратеници и други функционери. За извршување на функцијата повеќе од шест месеци се одобрува плата уште три месеци, шест месеци апанажа се дава за работа од шест до 12 месеци, девет месеци за работа од една до две години, додека вршење на функцијата над две години овозможува апанажа од 12 месеци.
Ковачевски бил премиер две години и 11 дена.




