Вести

ПАДНА ОДЛУКА – Овие граѓани добиваат зголемување на платите!

Advertisement

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%.

Advertisement

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 % и млекото за 0.4 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.8 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, производите за домаќинството – нетрајни за 0.8 %, другите печатени материјали за 0.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 %, јајцата за 2.0 %, виното за 1.9 %, сирењето и урдата за 1.2 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0 %, кафето, чајот, какаото за 0.9 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, лебот и житата за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 %, мотоциклите за 8.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.2 %, парамедицинските услуги за 5.4 %, гасот за домаќинствата за 4.6 %, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 %, медиумите за снимање за 2.8 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.3 %, услугите за сместување за 2.0 %, медицинските услуги за 1.9 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.8 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, мебелот и покуќнината за 1.2 %, другите лични предмети за 1.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема.

Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0.2 %.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје со кој платите се зголемуваат за 10 проценти.

Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа.

Пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник на Град Скопје, ја поддржа иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпиша нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите.

Дополнително во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2.800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6.000 вработени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button