Вести

ПАДНА ОДЛУКА – Конечно убави вести за нашинците во Германија, ова долго време го чекаа!

Advertisement

Германскиот парламент вчера, со гласовите на претставниците на партиите од владејачката коалиција, го донесе новиот Закон за државјанство, со кој се олеснува стекнувањето германски пасош и се дозволува двојно државјанство.

-Тоа е признание за оние кои доаѓаат во оваа земја и придонесуваат за функционирањето на ова општество, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, алудирајќи на големата потреба на Германија за квалификувана работна сила од странство.

Advertisement

Според новиот закон, странците кои живеат во Германија можат да аплицираат за државјанство по пет, наместо претходните осум години законски престој во земјата.

Во случаи кога апликантот покажува посебен напредок во процесот на интеграција, како што се брзо учење германски јазик, напредок во работата, барањето може да се поднесе и по три години.

Во иднина е дозволено двојно државјанство, кое досега беше дозволено само во исклучителни случаи, како и за граѓаните на Европската унија.

Апликантите за државјанство, исто така, ќе треба да потпишат верност кон германскиот уставен поредок. Во случај на непочитување на германскиот Устав, особено на делот поврзан со расизам, антисемитизам и дискриминација врз основа на пол, државјанството може повторно да се одземе во рок од десет години.

По ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток и глорификацијата на Хамас меѓу делови од германското население, германската Влада во нацрт-законот за државјанство вметна изјава за посветеноста на антисемитизмот и „специјалната историска одговорност на Германија за националсоцијалистичкиот режим“ и „заштитата на еврејскиот живот“.

Потенцијалните апликанти за германски пасош, исто така, ќе треба да можат финансиски да се издржуваат себеси и своето семејство. Исклучоци постојат за т.н. генерација на првите гастарбајтери, кои поради тоа што работеле на пониско платени работни места, денес добиваат помали пензии и затоа зависат од државна помош.

Децата на странците во Германија автоматски ќе добијат германско државјанство под услов барем еден родител да живее во Германија најмалку пет години.

Опозициските конзервативни Демохристијани и Христијанско-социјалната унија, кои се против новите правила, бараат промени кои „ќе ја зачуваат вредноста на германското државјанство“. Тие повикуваат на построг став за имиграцијата во обид да се запре подемот на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), која забележа пораст на анкетите.

Владата на канцеларот Олаф Шолц вети построг став за одредени видови имиграција, ветувајќи побрзи депортации на илегалните имигранти и неуспешните баратели на азил.

Во четвртокот вечерта, Бундестагот усвои закон за продолжување на притворот за да се спречи пропаѓањето на депортации во последен момент. Ова вклучува продолжување на законскиот максимален период на притвор до депортација од 10 дена на 28 дена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button